Македонија

Кој е судијата што убиецот на Росица наместо в затвор го пуштил на условна слобода

Судиј(к)ата со соодветна пресуда можел/а да ги спаси од смрт Росица и нејзиниот татко

Велешкиот суд се уште не ја објавува пресудата од која може да се види кој/а е судиј(к)ата што го пуштила на условна слобода убиецот на велешанката Росица и нејзиниот татко.

Иако засега непознатиот судија во Велешкиот суд можел да го осуди убиецот на максимални 5 години и 6 месеци затвор за две кривично дела убиецот добил само условна осуда по што ги убил Росица и нејзиниот татко.

Убиецот бил прогласен за виновен по кривично дело Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.3 в.в.ст.1 од Кривичниот законик и за кривично дело Насилство од чл.386 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик.

За второто дело максимална затворска казна е до 5 години а за првото казната може да биде од парична до шест месеци.

Доколку судијата соодветно ја проценил ситуацијата и веднаш го испратил убиецот во затвор Росица и нејзиниот татко можеа да бидат живи.

Судот наместо со оглед на состојбата веднаш да преземе мерки и убиецот да биде веднаш затворен добил изречена алтернативна мерка условна осуда.

Нему му била утврдена единствена казна затвор во траење од 1 (една) година и 4 (четири) месеци и истовремено се определува дека утврдената единствена казна затвор нема да се извршува доколку обвинетиот во времето од 3 (три) години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Зошто судијата знаејќи дека дека убиецот преходно не ги почитувал мерките кои му забранувале да комуницира со Росица, сепак не се одлучил за пресуда со која ќе ги спасел Росица и нејзиниот татко од смрт, засега не е јасно.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

To top