Македонија

На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ во првиот уписен рок пријавени 1.150 кандидати

Заврши пријавување на кандидатите за упис во прва година во академската 2026-2027 година на 12 факултети и три академии на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип

Според првичните податоци, во првата уписна фаза, на студиските програми на македонски јазик, пријави поднеле околу 1.150 кандидати, што претставува над 70 проценти од предвидената државна квота на универзитетот. Проректорот за настава на УГД-Штип, Сашо Коцески информира дека најголем интерес и оваа година е на Факултет за медицински науки, но има и зголемен интерес и за останатите факултети и академии.

„Радува фактот што оваа година конкуренцијата е голема и имаме голем број на талентирани ученици и првенци на генерацијата, освојувачи на дипломи, награди и признанија. УГД на своите идни студенти ќе им овозможи одлични можности за студирање и научно усовршување како и можности за мобилност и вмрежување преку Европската Универзитетска Алијанса ACE2EU и преку Еразмус+ програмата. Како и изминатите години, традиционално најголем е интересот на Факултетот за медицински науки, каде што уште во првиот уписен рок целосно се пополнети предвидените места за студиските програми по Општа медицина и Дентална медицина, а остануваат уште сосема мал број слободни места за Фармација“, вели проректорот Коцески.

Тој посочува дека забележителен раст на пријави во овој уписен рок бележат и студиските програми од општествените науки – пред сè Економскиот и Правниот факултет, Факултетот за туризам и бизнис логистика, како и техничките науки предводени од Факултетот за информатика и Факултетот за природни и технички науки. Позитивен тренд и стабилен интерес има и за студиите по македонски јазик и литература.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 26 август, на 27 август кандидатите можат да поднесуваат приговори, на 31 август е објавувањето на конечните ранг-листи и решенија за прием, а од 1 до 3 септември е рокот за запишување на примените кандидати. На УГД Штип ќе има уште два уписни рока во септември.

Најнови вести од: Македонија

Костадиновски: Нема „чувствителни“ предмети за Уставниот суд, кој одлучува со правни аргументи, без политички и етнички влијанија!

Довербата на граѓаните, независноста на судството и отвореноста кон јавноста се клучни за јакнење на улогата на уставните судови, порача претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, на регионалната конференција посветена на прашањето како да се зголеми довербата во уставните судови. Конференцијата, која се одржува денеска и утре, 16 и 17 септември, е посветена на независноста, транспарентноста, отвореноста кон јавноста и разбирливоста на судските одлуки.

Манасиевски: За кубење коса 4 години затвор, за 150 ќебапи 3 години, а одговорност нема за „Ласкарци“ и „Модуларна“ со 30 мртви, ниту за „Мазут“!

„Ова се двојните аршини на мал дел од македонското правосудство раководено директно од СДС и ДУИ. За кубење на коса, се добива 4 години затвор.За кражба на 150 ќебапи, се добиваат 3 години затвор. А за случајот Ласкарци, каде загинаа 16 луѓе, за случајот со модуларната болница, каде загинаа 14 луѓе или пак за случајот Мазут, вреден 167 милиони евра, имаме нула години затвор и нула одговорност.“ – реагира портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Меџити: Разочарувачка е и длабоко неправедна пресудата во Хаг за нашите водачи – командантите на косовската УЧК!

„Денешната пресуда во Хаг во врска со водачите на УЧК е разочарувачка и длабоко неправедна за народот на Косово и за целиот наш народ! УЧК на Косово водеше чиста, одбранбена и праведна војна за слобода, независност и достоинство.“ – со оваа реакција се огласи денес сопретседателот на партијата Вреди Изет Меџити во објавата на фејсбук.

To top