Архива за: 23.11.2025

Рама: Западен Балкан нема да моли да се приклучи кон ЕУ!

Албанскиот премиер Еди Рама на отворањето на Самитот „Планот за раст на ЕУ“ во Тирана порача дека Западен Балкан никогаш не доживеал реформи од ваков обем: со 490 милиони евра од ЕУ се трансформираат јавните финансии, енергетиката, инфраструктурата и сите клучни сектори.

Манасиевски: Дел од правосудните органи бараат плата во вредност од 8 просечни плати со 2% доверба, 360.000 денари би била платата на претседател на суд(ВИДЕО)

Правосудството, иако веќе има едни од највисоките плати во регионот и Европа, бара двојно зголемување на примањата со кое ќе го надмине целиот континент, истакна Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Мицкоски во Тирана: Решително кон ЕУ и посилна регионална соработка

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“ во Тирана, каде заедно со шефовите на влади и држави од Западен Балкан разговара за забрзување на европските интеграции и продлабочување на регионалната соработка.

Адем Чучуљ едногласно предложен за претседател на ДКСК

Комисијата за избори и именувања едногласно одлучи: Адем Чучуљ, дипломиран правник со положен правосуден испит и актуелен генерален секретар на ДКСК со 19 години искуство во институцијата, ќе биде предложен за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупција.

По 3.500 евра минус на секоја операција: „Жан Митрев“ бара финансиска ревизија на ФЗОМ

Клиниката „Жан Митрев“ денеска соопшти дека со секоја операција што ја прават на осигурениците на Фондот, тие се во проек во загуба од по 3.500 евра за операција или само лани загубата од работата со Фондот за здравствено осигурување е повеќе од четири милиони евра.

To top