Македонија

Адем Чучуљ едногласно предложен за претседател на ДКСК

Комисијата за избори и именувања едногласно одлучи: Адем Чучуљ, дипломиран правник со положен правосуден испит и актуелен генерален секретар на ДКСК со 19 години искуство во институцијата, ќе биде предложен за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупција.

Комисијата за избори и именувања едногласно одлучи: Адем Чучуљ, дипломиран правник со положен правосуден испит и актуелен генерален секретар на ДКСК со 19 години искуство во институцијата, ќе биде предложен за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупција.

Чучуљ ја доби убедливо највисоката оценка од комисијата за селекција – 96,5 бодови – и беше издвоен како кандидат со најјасна визија, најконкретен план и најсилно искуство во борбата против корупцијата и судирот на интереси. Предлог-одлуката се очекува да биде изгласана на пленарна седница на Собранието на почетокот на декември.

Постапката за избор на нов претседател на Антикорупциската комисија започна летово со оглас на кој се пријавија 13 кандидати. По прекинот поради локалните избори, селектирани беа 10, а интервјуата се одржаа оваа недела.

Чучуљ ќе ја преземе функцијата по оставката на претходната претседателка Татјана Димитровска, која е обвинета во случајот „Адитив“ за оддавање службена тајна и за фалсификување сертификат за државна тајна.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top