Македонија

Не’ очекува пеколно жежок продолжен викенд

Температурите во петок и сабота ќе се доближат до 40 степени

 

Во петок , на празникот Голема Богородица се очекува сончево и многу жешко време со максимална температура од 39 степени, а чувството на топлина ќе достигнува околу 40 степени.

Во сабота температурата ќе достигне 38 степени, со претежно облачно, но спарно и многу топло време. Чувството на температура ќе биде околу 39 степени, а прогнозата предупредува на зголемен ризик од дехидрација и топлотен удар при подолга изложеност на сонце.

Мало намалување на температурите се очекува во недела, кога максималната ќе достигне околу 36 степени. Ќе има повеќе сончеви периоди, а чувството на топлина ќе биде околу 38 степени.

И во трите дена УВ индексот ќе остане висок, па се препорачува избегнување директна изложеност на сонце во најтоплиот дел од денот, внесување доволно течности и посебно внимание за децата, повозрасните и хронично болните лица.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

Неврологот Барбов се чувствува злоупотребен од Ива: Предложив да се лекува во Бугарија, но таа се преправаше!

Неврологот Иван Барбов вели дека се чувствува злоупотребен од страна на Ива Михаилова, која доаѓала кај него на лекување со посттраумтска повреда по сообраќајната несреќа.

To top