Македонија

ВРЕДИ: Што криеш Османи?

ВРЕДИ преку соопштение го повикува Бујар Османи да не се крие и јавно да одговори

 

„Зошто нема документација за трошењето на над 120 милиони денари од буџетот на Министерството за надворешни работи?

Зошто нема податоци за тоа што е направено со толку голема сума пари?

Зошто нема отчет за овие средства, ниту трага од она што останало по самитот на ОБСЕ?“, се вели во соопштението на ВРЕДИ кое го прозва екс-министерот занадворешни рабори, Бујар Османи.

Потпретседалот на ДУИ, поранешен кандидат за шретседател на Македонија, сега е канддат за градоначалник на Чаир.

„Државниот завод за ревизија јасно потврди дека во времето на Бујар Османи, Министерството за надворешни работи ги трошело овие пари без да знае за што, без покритие, без документи и без видливи резултати.
Државниот завод е надлежна институција за ревизија на расходите на институциите и службените лица. Државниот завод за ревизија подготвува извештаи за расходите на сите институции и е надлежен само за ова“.
Од ВРЕДИдодаваат дека ваквите извештаи се доставуваат до сите надлежни институции, вклучително и до Јавното обвинителство, а доколку е потребно и до Финансиската полиција. Очекуваме овие институции, заради кредибилитетот, веднаш да дејствуваат и да утврдат одговорност.
Во конеткст на неговаа кандидатура за Чаир, од коалицијата велат:

„Бујар Османи не направил ништо во својот живот за Општина Чаир, ниту еден проект, ниту едно подобрување за граѓаните, ниту пак се јавил да помогне. Но, тој несомнено знаел многу да направи за себе, користејќи го државниот буџет за сомнителни трошоци без трага, документ или доказ. Само во овој случај, во вредност од над 120 милиони денари.
Чаир не заслужува политичар кој бега од одговори и кој остава само сомнежи и скандали. Чаир заслужува чесно и одговорно водство“, се вели на крајот.

Најнови вести од: Македонија

Алиу: Задоцнет е и без ефект протестот во Скопје за косовската УЧК! – Требаше да го има во 2015 година!

„Мислам дека е доцна – доцна во смисла дека ќе има некаков ефект. Протестот, како политички чин, требаше да биде осмислен и организиран во вистинско време. Вистинскиот момент беше во 2015 година, кога се гласаше за основањето на Хашкиот трибунал.“ – рече д-р Мурат Алиу, професор во Факултетот за општествени науки на државниот универзитет „Мајка Тереза“ од Скопје, вечерва во емисијата „Дебата“ на ТВ Шења.

Се враќа на пругите некогаш отпишаниот „Шпанец“, целосно обновен и тестиран, со аларм и видеонадѕор! (Видео)

Со обновувањето на легендарниот „Шпанец“ и неговото враќање во употреба на македонските пруги Македонски железници најавуваат преродба на железничкиот превоз во Македонија – со нагласка на зачувување на традицијата, но и осовременување на постојните возни средства.

Екс-„УЧК“ ги предупредува „соборците“ да не доаѓаат на протест во Скопје, оти полицијата е „должна да ги апси, ако се на потерници на Европол“!

„Претпочитаме нашите борци на УЧК да не тргнуваат на пат кон Скопје, бидејќи немаме гаранции. Дури и да го побараме тоа, не е можно државата С.Македонија да даде гаранции кога сте на списоците на Европол. Автоматски, кога вашата лична карта ќе биде внесена во базата на податоци на граничната полиција и ќе се покаже дека сте барани, полицијата има обврска да ве уапси. Затоа им кажуваме на нашите соборци да не учествуваат на протестот во Скопје. Има многу граѓани кои ќе учествуваат.“ – истакнува „Организацијата на воени ветерани-УЧК“ во своето соопштение, едновремено и предупредување до нивните поранешни „соборци од УЧК“ од Косово. Ова го објави ТВ Алсат.

Законот за правична застапеност доби позитивна оценка од Венецијанската комисија дека е усогласен со европските стандарди

„Законот за правична и соодветна застапеност станува реалност 24 години по Охридскиот договор. Позитивна оценка од Венецијанската комисија. Работа, а не фудбал во државните канцеларии.“ – порача преку својот фејсбук-профил вицепремиерот Арбен Фетаи, алудирајќи на праксата за „занимавање со спортска рекреација“ и злоупотребување на државните кабинети од страна на Артан Груби и другите високи функционери на ДУИ додека беа дел на Владата на Република Маедонија.

Градоначалничката Трајкоска заедно со сопругата на Мицкоски и пратеничката Пешевска се дружеа со децата со церебрална парализа

Во празнична атмосфера, се дружеа со децата кои добија и пакетчиња, истакнувајќи ја важноста на континуираната поддршка за семејствата кои се соочуваат со овие предизвици

To top