Во врска со актуелните случувања и судбината на Ива Михаилова, во јавноста се огласи адвокатот Драган Стари Пешевски. Тој оцени дека таа свесно ја пропуштила можноста институционално да се соочи со правдата и да ја докаже својата невиност, одлучувајќи се за заминување во Бугарија.
Во својата изјава, адвокатот Пешевски истакнува:
„Ива Михаилова несакајќи да понесе одговорност и да се соочи со правдата (каде имаше шанса а и сеуште има да биде ослободена), неодговорно, нелогично, нездраворазумно, не присилена од никого и сеуште неосудена за свој долгогодишен затвор ја одбра Бугарија… Таквата одлука за брзо и се удри од глава!!!“
Според неговите наводи, ваквиот чекор претставува погрешна проценка што дополнително ја комплицира нејзината правна положба, и покрај постоењето на законски механизми за одбрана и можност за ослободување во домашниот правен систем.