Свет

Си Џинпинг: Војната во Украина е европски проблем

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер откри дека, за време на неодамнешната средба, Си бил „иритиран“ кога било предложено трилатералните разговори да го опфатат и прашањето за Украина

Пекинг потврди дека Си Џинпинг и неговите колеги од САД и Русија – Доналд Трамп и Владимир Путин – ќе го одржат својот прв трилатерален самит во четврток во Шенжен, пренесува АФП.

„На 19 ноември, кинескиот претседател Си Џинпинг ќе одржи средба на шефовите на држави на Кина, Русија и САД, заедно со рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, во Шенжен“, соопшти кусо Министерството за надворешни работи во понеделникот.

Во соопштението не беа наведени дополнителни детали, вклучително и кои теми ќе бидат предмет на разговор на оваа историска средба во градот во јужна Кина.

Се очекува средбата да се одржи на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), кој е закажан за среда и четврток.

Кремљ и Белата куќа, исто така, потврдија дека трилатералната средба ќе се одржи.
Американски претставници изјавија дека Трамп има намера да разговара за намалување на нуклеарните арсенали и да го покрене прашањето за „неговата војна во Иран“ – иако не се очекува да ја допре темата за руската војна во Украина.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер откри дека, за време на неодамнешната средба, Си бил иритиран кога било предложено трилатералните разговори да го опфатат и прашањето за Украина. „Тој експлицитно посочи дека ова е европски конфликт, во кој мора да учествуваат и Европејците“, изјави Штајнмаер за телевизиската мрежа АРД (ARD).

Што се однесува до нуклеарното разоружување, Кина долго време инсистира САД и Русија прво да ги намалат своите огромни нуклеарни арсенали, пред Пекинг да се согласи на преговори во врска со сопствениот нуклеарен потенцијал.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: Ограничувањата на „Старлинк“ им помагаат на руските дронови да ја погодуваат Украина

Многу од руските напади успеваат затоа што сè уште се во сила ограничувањата на брзината на работа на терминалите „Старлинк“ долж линијата на фронтот и на привремено окупираните територии

To top