Македонија

Претрес во домот на директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар

По низата критики и снимката каде се слуша како полицаец инсистира да се приведе директорка на средно училиште во Демир Хисар, ќе постапува Секторот за внатрешна контрола при МВР.

Полицијата изврши претрес во домот на директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“, Маја Лозановска во Демир Хисар, а од видеото што на интернет го објави нејзиниот адвокат Жарко Стевановски се гледа дека имало намера таа иако е на боледување, на носилки да се однесе на информативен разговор во полиција. На видеоснимката се слуша како лицето кое адвокатот го именува како началник вели: „Ќе ја лишам од слобода, неа ѝ е забрането да се движи , но не е во животозагрозувачка состојба, таа нема да се движи, ќе биде изнесена на носилка и донесена в полиција да се обави информативен разговор“.

Адвокатот реагирајќи дека полицијата има налог за претрес, но не и за нејзино лишување од слобода, бара од синот на директорката да ја заклучи вратата.

По острите критики и снимката каде се слуша како полицаец инсистира да се приведе директорка на средно училиште во Демир Хисар, ќе постапува Секторот за внатрешна контрола при МВР. Истовремено, правната фела, но и граѓани реагираат на односот на полицаецот кој и покрај укажувањата на медицинскиот тим дека здравствената состојба на директорката Маја Лозановска не дозволува таа да биде спроведена на сослушување, тој вели „ако треба ќе оди со Амбулантно возило и на носилка во полициска станица“.

Од МВР велат дека кога ќе завршат проверките, ќе известат дали го санкционирале полицаецот.

„Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности од своја надлежност за што дополнително ќе ја известиме јавноста“, велат од МВР.

Најнови вести од: Македонија

Полициски претреси на 32 локации, проверка и во службени простории на МВР – сомнежи за незаконски дејства околу возачки дозволи!

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека спроведуваат акција со претреси на повеќе локации поради сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија. Од Обвинителството соопштуваат дека врз основа на наредби од судија на претходна постапка, обезбедени по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска се вршат […]

Мицкоски: Ако побара опозицијата предвремени избори, ќе има, но пак ќе ги победиме!

Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има предвремени избори.

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри

Запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење

Дајмонд Мол со две европски награди за најдобар проект од областа на општествената одговорност

Дајмонд Мол освои две европски награди на Unicorn Awards 2026, едно од водечките европски натпреварувања во индустријата за настани и маркетинг, кое на 7 и 8 септември се одржа во Љубљана, Словенија. Проектот на Дајмонд Мол „Две години сјај – на хуманоста и нема крај“ ја освои првата награда од жирито за најдобар проект во категоријата „Проекти од општествена одговорност“, како и специјалната награда од жирито и публиката.

To top