Македонија

Муцунски утре ќе ја отвори новата македонска амбасада во Литванија

Посетата на Вилнус од шефот на македонската дипломатија се реализира во пресрет на литванското претседавање со ЕУ од 1 јануари

Свеченото отворање на новата амбасада на Македонија во Вилнус утре ќе биде централен настан во рамките на работната посета на Литванија од македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Амбасадата претставува значаен чекор кон натамошно зајакнување на дипломатското присуство на државата и продлабочување на билатералните односи и соработката со Литванија и поширокиот Балтички регион, соопшти МНР.

За време на престојот во Вилнус шефот на македонската дипломатија ќе оствари билатерална средба со својот литвански колега Кештудис Будрис, кој во јуни годинава ја посети Македонија. Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на политичкиот дијалог, интензивирањето на економската соработка и евроинтегративните процеси.

Двајцата министри ќе разменат мислења и за актуелните безбедносни предизвици, како и за соработката во рамките на евроатлантското сојузништво.

Посетата на Муцунски на Вилнус се реализира во пресрет на претседавањето на Литванија со Советот на Европската Унија во првата половина на 2027 година.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top