Свет

Трамп најави можна средба со Ким Јонг Ун во Кина

Најавата е дел од пошироката азиска турнеја на Трамп

За време на неговата азиска турнеја, американскиот претседател Доналд Трамп неочекувано ја спомена можноста за средба со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Кина. Оваа изјава доаѓа спротивно на она што претходно го соопштија официјалните лица од неговата администрација.

Соопштението, сепак, останува без конкретни детали за датум, формат или теми на евентуалниот разговор, па засега станува збор само за политичка најава што сè уште не е потврдена од двете страни, јавија американски медиуми.

„Кинескиот претседател Шји Џинпинг беше тука пред еден месец, а таму ќе се сретнеме со Путин, а можеби и со Ким Јонг Ун” – рече Трамп пред патувањето во Кина.

Северна Кореја досега не потврдила таква средба, а самата турнеја сè уште носи голем број отворени прашања. Трамп и Ким досега се сретнаа трипати: во Сингапур во 2018 година, во Ханој во 2019 година и на демилитаризираната граница на Корејскиот Полуостров истата година.

Самитот во Ханој заврши без договор за денуклеаризација. Во меѓувреме, Северна Кореја продолжи да ја развива својата ракетна програма, а дипломатските канали меѓу Вашингтон и Пјонгјанг беа во голема мера неактивни.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: Ограничувањата на „Старлинк“ им помагаат на руските дронови да ја погодуваат Украина

Многу од руските напади успеваат затоа што сè уште се во сила ограничувањата на брзината на работа на терминалите „Старлинк“ долж линијата на фронтот и на привремено окупираните територии

To top