Електродистрибуција ДООЕЛ објави оглас за вработување електромонтери во Скопје. Работните позиции се наменети за потребите на корисничките енергоцентри (КЕЦ) Аеродром и Васил Главинов, а заинтересираните кандидати можат да аплицираат електронски преку официјалната платформа за вработување на компанијата.
Според објавениот оглас, работните задачи опфаќаат исклучување и повторно вклучување корисници на дистрибутивната мрежа, отчитување податоци од електрични броила, контрола на приклучоци и мерни места, како и замена на броила кај корисниците.
Електромонтерите ќе бидат задолжени и за прием, обработка и ажурирање документација, помош при отстранување дефекти, како и откривање и пријавување неправилности на електроенергетските објекти и броилата.

Кои услови треба да ги исполнуваат кандидатите?
За работната позиција се бара завршено средно електротехничко образование од IV степен, насока Енергетика, како и поседување возачка дозвола.
Од кандидатите се очекуваат одговорност, комуникативност, флексибилност и способност за тимска работа.
Предност при изборот ќе имаат кандидатите со квалификации за работа под напон, положен стручен испит за ракување со енергетски уреди и постројки, како и со компјутерски познавања.
Работната позиција е во рамките на Електродистрибуција ДООЕЛ, со назив „ФО6 Електромонтер“, а локациите на работа се КЕЦ Аеродром и КЕЦ Васил Главинов во Скопје.
Заинтересираните кандидати можат да добијат повеќе информации и да аплицираат преку официјалниот оглас за вработување на Електродистрибуција.