Бизнис

МАСИТ: Од вештачка интелигенција до реална бизнис вредност

Нема време за чекање. Светски експерти и домашни компании за иднината на економијата.

Технологијата ги менува правилата на игра, но човекот останува во центарот на иднината на бизнисот. Вештачката интелигенција веќе не е визија за иднината, туку реалност што ги трансформира компаниите, институциите и секојдневниот живот, отворајќи можности за побрзи, поефикасни и поперсонализирани услуги. Ова беше една од главните пораки на 21. годишна конференција на МАСИТ, посветена на примената на вештачката интелигенција, автоматизацијата и новата генерација интелигентни услуги, која се одржува во Скопје.

Под мотото „Од еден клик до милион можности: новата ера на интелигентни услуги“, претставници на институциите, бизнис-заедницата и на технолошката индустрија дискутираа за влијанието на новите технологии врз работењето, управувањето и носењето деловни одлуки, како и за подготвеноста на македонската економија за дигитална трансформација. Вицепремиерот Александар Николоски порача дека вештачката интелигенција е голема можност што државата мора да ја искористи за да биде дел од современите економски текови. Тој истакна дека Владата работи на создавање правна и административна рамка за поширока примена на напредните технологии.

Како дел од стратешките приоритети, тој ги посочи стратегијата „SMART MK 2030“ и изградбата на современа инфраструктура, особено податочни центри. Во таа насока, Владата работи на проектот за првиот национален податочен центар, а Николоски ги повика и приватните компании да ги разгледаат можностите за инвестирање во оваа област. Тој најави и дигитализација на транспортниот сектор преку воведување интелигентни транспортни системи, кои треба да овозможат подобро управување со сообраќајот и поголема безбедност. Планирана е нивна примена на Коридорот 10, од Табановце до Гевгелија, како и модернизација на железничкиот сообраќај и дигитализација на патната такса.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, предупреди дека брзината со која ќе ја прифатат компаниите и институциите вештачката интелигенција ќе биде клучна за нивната конкурентност.

  • Оние што ќе ја употребуваат вештачката интелигенција, ќе може да се надеваат на забрзан напредок, додека оние што нема да знаат и нема да можат да ја користат, ќе бидат заглавени без напредок или во стагнација – порача Андоновски.

Тој посочи дека преку проектите ДИГИТ-МАК и ИННО-ФЕИТ ЕДИХ се обезбедува поддршка за малите и за средните претпријатија преку обука, знаење и современи дигитални алатки. Како значаен проект го издвои и „Везилка“, вреден над 5,5 милиони евра, насочен кон развој на голем јазичен модел на македонски јазик и негова примена во јавниот сектор.

Според Андоновски, Македонија има квалитетен ИТ-кадар, но недостигот од податочни центри и од современа инфраструктура останува еден од главните предизвици.

Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, оцени дека вештачката интелигенција веќе суштински ги менува работењето на компаниите и светската економија. Според него, предизвик не е само воведувањето нови технологии, туку нивната практична примена за зголемување на продуктивноста и конкурентноста. Тој посочи дека, според истражувањата на Стек Оверфлоу, повеќе од 85 проценти од ИТ-професионалците веќе користат алатки засновани на вештачката интелигенција, додека во другите индустрии примената сè уште е помала.

Димитровски смета дека автоматизацијата ќе го промени пазарот на трудот, но не мора да значи масовно губење на работните места. Наместо тоа, ќе бидат потребни преквалификација и стекнување нови вештини.

  • Не сметам дека ќе останат луѓето без работа, само ќе треба да се преквалификуваат и да најдат правилен начин како да ги користат вештачката интелигенција и сите иновативни технолошки алатки – рече тој.

Како дополнителни предизвици ги посочи недостигот од специјализирани кадри во кибербезбедноста и науката за податоци, како и потребата од повеќе практична настава и современи дигитални знаења во образовниот процес. Конференцијата продолжи со дискусии за примената на вештачката интелигенција во здравството, технологијата и во воздухопловството. На панел-дискусијата учествуваа професорот и кардиоваскуларен хирург, Жан Митрев, Дарко Пејчинов од „Ин вита хелткеар технолоџис“ и генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, кои ги разгледаа можностите за примена на новите технологии во своите индустрии.

Една од клучните пораки на дискусијата беше дека успешната дигитална трансформација не значи усвојување на секоја нова технологија. Таа подразбира препознавање на вистинските решенија, адресирање на реални оперативни предизвици и обезбедување иновациите да им служат на луѓето.

Најнови вести од: Бизнис

Европската бизнис-асоцијација ги поврза студентите со бизнис-приказните – Глобална недела на претприемништвото

Студенти од економските факултети при УКИМ, УГД и ЈИЕУ имаа можност да разговараат со претставници на компании од различни сектори за препознавањето на потребите на пазарот, започнувањето сопствен бизнис и вештините потребни за негов развој.

(Фото): Николоски во Виена повика на регионална соработка и поврзување

Зборувајќи на панел дискусијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” вицепремиерот Николоски потенцира дека е потребен заеднички пристап на земјите од регионот за претставување на глобалниот пазар.

„Со свои раце, создадено со љубов“: 17. издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ ги обедини луѓето и винската традиција

Фестивалот е и многу повеќе од прослава на младото вино, тој е прослава на луѓето, заедништвото, љубовта и вербата во иднината. Токму тие вредности се во сржта на филозофијата на „Тиквеш“, компанија која ја надградува својата богата традиција со знаење, иновации и современи пристапи, останувајќи посветена на создавањето вина и искуства што ги поврзуваат луѓето.

ЕВН вработува инженери, огласот е отворен до 23 ноември

Заинтересираните кандидати треба да имаат завршено средно електротехничко образование – IV степен, насока енергетика. Дополнителни квалификации за работа под напон, положен стручен испит за ракување со енергетски уреди и постројки, како и познавање компјутерски вештини ќе се сметаат за предност.

В среда продолжува Комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година

За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари. Даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, што претставува раст од 6,4 проценти. За социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, што е зголемување за 4,1 проценти, од кои 123,8 милијарди денари за исплата на пензии или раст за 4,8 проценти во согласност со законското усогласување.

АЕТМ: Половина од онлајн купувачите во Македонија плаќаат исклучиво во готовина при достава

Новата Анализа на плаќањето при достава и дигиталните плаќања во е-трговијата во Македонија за 2026, спроведена од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија со поддршка на Visa и презентирана на деветтата Регионална конференција за е-трговија во Скопје, открива значителен јаз меѓу пристапот до платежни инструменти и нивната реална употреба.

Првата аукција на 30 ноември – Народна банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“

Постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на Банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти.

Најнови вести

To top