Македонија

Зафировски за признанието на Михаилова за ДАНС: Ова е бугарска пародија, во која самата се излаја за поврзаноста со тајните служби

Срамота и давање автогол, бугарска пародија во која Ива Михаилова самата недоветно се излаја за улогата на тајните служби и бугарската ДАНС во целиот нејзин „случај“, посочи безбедносниот аналитичар Воислав Зафировски во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Недораснато дете кое избрза и искрено си кажа се што треба и не треба, класичен автогол во полза на Македонија за случај кој беше поддржан и од највисоките бугарски функционери.

-На лагата, вообичаено, кратки и се нозете.Во случајов, станува збор за ДАНС, службата која, како би рекле – е тајната полиција во Бугарија и секоја тајна полиција, всушност, одработува за власта. Сите координати и ориентацијата во просторот и во времето им ги дава власта и тие настојуваат да ги реализираат тие добиени задачи. Една од задачите која им е сигурно дадена од политичките структури во Бугарија е да најдат жртвени јагненца кои по секоја цена би можеле да сплетат некава прикаска во која Република Македонија би била обвинета за нехуман однос, за нечовечен третман на одередени лица, посебно заради тоа што тие, наводно, имаат бугарско потекло. Приказнава излезе пародија бидејќи самата Ива Михаилова се излаја и кажа дека службите и наметнале потреба најпрвин да разговара со друг новинар, каде што прикаската која ќе треба да ја каже ќе и ја дадат тие за да добие некава си форма целата таа пародија што се случуваше, сценариото да се заокружи, и со никој друг нема право да комуницира. И тоа и го кажуваат како услов, не само за да се лекува, туку и за да ги оствари сите оние ветувања и бенефити кои и биле ветувани и од политичарите и од целиот тој бугарски естаблишмент, услов беше да го направи тоа. Она се избрза, недоветно дете, недораснато, си кажа многу искрено она што има да се каже, тоа протече во јавноста во Бугарија и сега и самите бугарски медиуми се налепија на глупоста нејзина, вклучително и партиите кои бараат одговорност зошто ДАНС го направила тоа. Тоа е брука, тоа е брука. Тоа е нешто слично како Заев кој што им даваше шлагворт на Бугарите и им даваше ветер во грб да си ги бараат сите ониуе неостварливи желби и работи кои ги наметнуваа. Ова сега е автогол давање, оцени поранешниот прв антикорупционер Зафировски во интервјуто за Тв Алфа.

Најнови вести од: Македонија

Костовски: Нема да отстапам од борбата против криминалот и урбанистичката мафија! Бутел нема да биде партнер со криминалци!

Борбата со бандити не е меѓуетничка борба. Криминалот не познава нации, порача градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Тој порача дека нема да отстапи од борбата против криминалот и урбаната мафија, обвинувајќи одредени политички партии дека се под влијание на криминални структури кои се обидуваат неговите активности да ги претстават како меѓуетничка пресметка. Костовски тврди дека […]

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е геополитичко обединување на Европа и стратешка инвестиција во постабилен и побезбеден континент

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски синоќа во Скопје се обратил на конференцијата „Безбедноста во Западен Балкан“, организирана од германскиот институт „Аспен“ (Aspen Institute Germany) во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

„КАЖИ НЕ!“ – кампања на МВР против сексуалната злоупотреба на деца во дигиталниот простор (ВИДЕО)

Целта на кампањата е да се подигне свеста кај децата, младите, родителите и пошироката јавност за препознавање и спречување на сексуалната злоупотреба во дигиталниот простор

Јовановски: На негирањата на македонската историја ќе одговориме со научна храброст и смиреност

„Од национални приказни до испреплетени истории“ е насловот на дводневната меѓународна конференција што ја организира Институтот за историја при Филозофскиот факултет на УКИМ по повод 80 години од неговото основање. Програмата опфаќа неколку пленарни и тематски сесии посветени на историските процеси, националните наративи, културните и дипломатските односи, како и на современите пристапи во историските истражувања. Учесниците ќе се претстават со реферати за историјата на Македонија од средновековниот период до современата државност, за односите на Балканот, османлискиот период, светските војни и меѓународните историски влијанија.

Светско признание за министерот Тошковски за „Безбеден град“ (ВИДЕО)

Наградата претставува меѓународно признание за проектот насочен кон подобрување на безбедноста во сообраќајот преку примена на современи технологии, автоматско регистрирање на сообраќајни прекршоци и дигитализација на постапките

Најнови вести

To top