Македонија

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам) ја одржа петтата здравствена конференција „Healthcare in a New Global Reality“ („Здравството во новата глобална реалност“), посветена на иднината на македонското здравство и потребата од ефикасни и одржливи системски промени. Конференцијата ги обедини претставниците на институциите, деловната заедница и меѓународните експерти во дискусија за клучните предизвици и можности за развој на здравствениот систем.
Во фокусот беа модернизацијата на законската рамка за лекови и медицински средства, усогласувањето со меѓународните стандарди и дигитализацијата на здравствените услуги. Посебно внимание беше посветено на институционалната подготвеност, поефикасното управување со ресурсите и потребата од долгорочно планирање, со цел да се обезбеди подобар пристап до современи терапии и поквалитетна здравствена заштита.

Конференцијата ја отворија Александра Ивановска, членка на Одборот на директори на АмЧам, и Бредли Гарднер, раководител на Секторот за политички и економски прашања во Амбасадата на САД во Северна Македонија. Со посебно видеообраќање се вклучи и Оливер Вархеји, европски комесар за здравство и благосостојба на животните.

  • „Време е здравствените иновации да ги препознаеме онакви какви што навистина се: капитална инвестиција во темелите на една модерна економија“, истакна Александра Ивановска. Таа ја нагласи потребата од долгорочни здравствени политики, поголеми вложувања во превенцијата и раната дијагностика, како и создавање услови за побрза примена на иновациите. „Здравството повеќе не е само национална или социјална тема, туку станува прашање на глобална конкурентност, геополитичка отпорност и економска сигурност“, порача Ивановска.

Централната панел-дискусија „Од усогласување со ЕУ до флексибилен здравствен систем“, модерирана од Валентина Митрова, претседателка на Комитетот за здравство при АмЧам, ја водеа министерот за здравство Сашо Клековски, в.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински, Викторија Механџиска од Зегин, Ричард Џонс од Lenis Group и Мадс Вегерби Лаустен од Novo.

Во дискусијата беше нагласено дека напредокот на здравствениот систем зависи од конкретни подобрувања во неговото функционирање, преку побрзи и попредвидливи постапки, подобра координација и дигитална поврзаност меѓу надлежните институции. Особено значајни се поедноставувањето на административните процедури, избегнувањето на непотребното повторување на документацијата и поголемата ефикасност во односите меѓу институциите и деловниот сектор. Во тој контекст беше истакната и важноста од користењето на веќе спроведените стручни оценки на меѓународните регулаторни тела, како ЕМА и FDA, како и од развојот на дигиталните здравствени услуги, вклучително и електронските рецепти и развој на дигитални аптекарски услуги. За остварување на овие цели, неопходно е долгорочно буџетирање и навремена реализација на предвидените мерки.

Можностите што ги отвораат новите технологии дополнително ги претстави меѓународниот експерт проф. д-р Коен Кас од Универзитетот во Гент. Во предавањето „Every Number Tells a Story: How Data and AI Can Transform Our Health“, тој се осврна на тоа како анализата на здравствените податоци и примената на вештачката интелигенција можат да овозможат порано препознавање на здравствените ризици, попрецизна дијагностика и избор на терапии приспособени на индивидуалните потреби на пациентите. Притоа, новите технологии отвораат можности и за промена на животните навики, преку поголема свесност за сопственото здравје и поттикнување поздрав начин на живот. Посебно внимание посвети на преминот од систем што претежно реагира на веќе појавени заболувања кон здравство насочено кон превенција и навремена интервенција, со потенцијал за подобри резултати и поефикасно користење на ресурсите, особено во помалите здравствени системи.

Со оваа конференција, АмЧам ја потврди својата посветеност кон поттикнување на дијалог и соработка меѓу јавниот и приватниот сектор, во насока на развој на одржливи здравствени политики и конкретни решенија. Во услови на забрзани глобални промени, ваквата соработка е важна за практично остварување на здравствените приоритети, примена на иновациите и создавање здравствен систем што ќе обезбеди подостапни услуги, поквалитетна грижа и подобри здравствени резултати за граѓаните.

За АмЧам Македонија

Американската стопанска комора во Македонија е бизнис асоцијација на повеќе од 150 членки од најразличен спектар на бизниси, од мали претпријатија и локални компании до големи странски инвеститори, кои заедно обезбедуваат вработување за повеќе од 42.000 лица и остваруваат годишен приход повисок од 9 милијарди американски долари.

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

Зафировски за признанието на Михаилова за ДАНС: Ова е бугарска пародија, во која самата се излаја за поврзаноста со тајните служби

Срамота и давање автогол, бугарска пародија во која Ива Михаилова самата недоветно се излаја за улогата на тајните служби и бугарската ДАНС во целиот нејзин „случај“, посочи безбедносниот аналитичар Воислав Зафировски во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Недораснато дете кое избрза и искрено си кажа се што треба и не треба, класичен автогол во полза на Македонија за случај кој беше поддржан и од највисоките бугарски функционери.

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е геополитичко обединување на Европа и стратешка инвестиција во постабилен и побезбеден континент

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски синоќа во Скопје се обратил на конференцијата „Безбедноста во Западен Балкан“, организирана од германскиот институт „Аспен“ (Aspen Institute Germany) во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Најнови вести

To top