Македонија

Сиљановска-Давкова го очекува српскиот ВД претседател во Охрид на ,,Брдо – Бриони”

Македонско-српски меѓудржавни и општествени односи да продолжат да бидат интензивни, плодни и пријателски

Македонската Претседателка Гордана Сиљановска-Давкова му го честиташе изборот за спикер и ВД претседател на Србија Александар Чупиќ.

Сиљановска-Давкова порачува дека се надева вршителот на должноста шеф на српската држава да биде нејзин гостин за 5 дена во Охрид каде во рамки на процесот ,,Брдо – Бриони” се одржува самит на претседателите на земјите од екс Југославија плус Албанија кој го иницираа Словенија и Хрватска а се одржува без прекин од 2013 година.

,,Дозволете ми да му честитам на Александар Чупиќ за неговиот избор за претседател на Народното собрание на Република Србија – највисокото претставничко тело и носител на уставотворната и законодавната власт.

Се надевам и посакувам севкупните македонско-српски меѓудржавни и општествени односи да останат ослободени од нерешени прашања и да продолжат да бидат интензивни, плодни и пријателски.

Со нетрпение очекувам да му посакам добредојде во Охрид, по повод регионалниот состанок во рамките на процесот „Брдо-Бриони“”, објави Сиљановска-Давкова на социјалната мрежа Х.

Во честитката Сиљановска-Давкова на Чупиќ му посакува многу успех во работата насочена кон развојот на демократска и просперитетна Република Србија.

Предходно Чупиќ ја одби поканата да присустувува на Самитот ЕУ – Западен Балкан
Новиот шеф на српската држава одби да патува на самитот на ЕУ во Брисел

Српскиот ВД претседател и спикер не оди во Брисел

Најнови вести од: Македонија

To top