Како што информираат од МВР, првопријавениот, на работно место како полициски службеник на ГП „Долно Блаце“ вчера при вршење гранични проверки за влез во Република Македонија од лице, кое ја преминувало државната граница со патничко моторно возило, во кое како сопатници биле и двајца турски државјани, побарал и примил пари, за да овозможи влез во Република Македонија на двајцата турски државјани, лажно прикажувајќи му дека постои проблем во врска со нивниот престој.
Првопријавениот, дел од примените парични средства ги дал на второпријавениот.
Одделот за внатрешна контрола против Х.К. и Ј.К. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка – суспензија.