Македонија

Мицкоски: Ќе бидам премиер уште една година! – Следните парламентарни избори во април 2028 !

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, а мојот мандат како претседател на Владата завршува за нешто повеќе од една година. Целта на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е да слушнеме од граѓаните што е тоа што недостасува и да се подобриме, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали најавената кампања на ВМРО ДПМНЕ е подготовка на предвремени избори.

– Добро е како политичка партија да излеземе пред граѓаните и да слушнеме што е тоа што недостасува за да можеме во овој меѓупериод да се подобриме во нашите политики, а и дел да вклучиме во програмата за следните избори коишто ќе бидат во април месец 2028 година. Некаде крајот на декември 2027 година ние имаме избор на техничка Влада, така што би рекол дека мојот мандат како претседател на Владата е нешто повеќе од една година и еден месец и логично е дека и јас како претседател на Владата и Владата сакаме да слушнеме и онаму каде што сме помалку успешни да бидеме поуспешни ако е тоа возможно во овој период ако не во следниот мандат, така што тоа е целта на оваа теренска активност очи во очи го граѓаните – изјави Мицкоски.

Тој истакна  дека Владата на Република Македонија е отчетна и отворена и оти во изминатите две – две и пол години тој и нејзините членови се постојано во јавноста со изјави и присуствуваат на јавни настани.

ВМРО-ДПМНЕ вчера најави дека почнува активности на терен со посети на сите населени места за да се сретне со граѓаните.

– До крајот на годината претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат засилени посети на општинските комитети на партијата. ВМРО-ДПМНЕ смета дека само на директни средби може да се слушне реалната ситуација или постојат работи што не можат да се разберат од извештаи, статистики и состаноци зад затворени врати. На средбите ќе се разговара за реализираното, дали е испочитуван рокот бидејќи само така може да следат резултати. А тоа е начин и за подобро функционирање на надлежните и поголемо задоволство кај граѓаните. Целта е да се разговара и да се слушне од граѓаните функционира и што не функционира – соопшти вчера ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Шестдневна манифестација во Чаир

Шестдневната програма ќе почне денеска во 18 часот во Албанскиот театар, со настап на ученици од основните училишта во Чаир, а утре во 12 часот ќе биде одбележана 20-годишнината од основањето на Основното училиште „Битолски конгрес“

To top