Македонија

Грција протеруваше Македонци за да се населат грчки бегалци од Мала Азија

Во репортажата со наслов „Протерани од Македонија“ од 1925-та се опишуваат методите со кои, според сведочењето на американскиот новинар, македонски семејства од селата во Грција биле принудувани да ги напуштат своите домови за на нивно место да бидат сместени грчки бегалци од Мала Азија

Станувао збор бјавено во американскиот печат пред повеќе од еден век, во периодот на големите преселби на населението на Балканот по Грчко-турската војна и Договорот од Лозана. Репортажата е достапна во дигиталната архива на Конгресната библиотека на САД (Library of Congress), на страницата на оригиналното издание на весникот од 12 август 1925 година,пренесува МКД.мк

Според сведочењето на новинарот, грчките власи во македонските селски домови сместувале грчки бегалски семејства од Мала Азија или локални Грци кои сакале да добијат подобри имоти. Дотогашните сопственици биле ограничувани на една просторија во сопствената куќа, а потоа биле изложувани на забрани и притисоци со цел сами да побараат дозвола за иселување од Грција.

„Сопствениците на домовите се ограничени на една просторија во својата куќа. Грчкиот командант на селото му сугерира на главата на семејството да замине во Солун и од Мешовитата комисија на Лигата на народите да побара дозвола да ја напушти Грција. Наредено им е по стемнување да не ја напуштаат единствената просторија, а започнуваат и други ограничувања и прогонства со различен интензитет“, се наведува во написот.

Според репортажата, селаните преку ден можеле да работат на нивите, но жетвата на крајот ја прибирал некој Грк. Кога животот ќе станел доволно неподнослив, особено за жените и децата, главата на семејството заминувал во Солун, на сопствен трошок, за да побара дозвола за напуштање на земјата. Новинарот наведува дека дозволата потоа брзо била одобрувана.

Ваквата практика не била резултат на недостиг од земјиште за населување на бегалците од Мала Азија, туку дека било полесно да се одземат веќе изградените домови и обработените имоти на Македонците, пишува во репортажата.

„Македонија располага со изобилство плодна земја што не се обработува, ниту пак е населена, а се протега меѓу селата. Има место за сите грчки бегалци. Сепак, полесно е Македонците да се истераат од нивните опремени домови и од обработените ниви, снабдени со алат и животни, отколку да се градат нови куќи и да се ораат нови полиња“, пишува американскиот известувач.

Написот е проследен со фотографија на постара жена која, иако е премногу стара за да оди, била принудена да го напушти својот дом. Во оригиналниот опис под фотографијата се наведува дека таа е една од бегалците во размената на население што се одвивала на Балканот, а чии околности биле опишани како „дамка врз цивилизацијата“.

Овој напис не е единственото сведоштво на американскиот новинар за состојбата на Македонците во Грција во тој период.

Во американскиот печат на 16 август 1925 година е објавена и репортажата „Murder Serves as Means of Hurrying Exodus of Macedonians“ („Убиствата се користат како средство за забрзување на егзодусот на Македонците“), потпишана од Џ. Томас Б. Вуд, специјален дописник на „Бирмингем њуз“ и на редакцијата на „Чикаго дејли њуз“.

Во неа Вуд опишува убиства, насилство, затворање и притисоци врз македонското население, кои, според сведоштвата што ги пренесува, биле користени за да се забрза иселувањето на семејствата од нивните домови. Тој наведува и дека жителите од Македонија и Западна Тракија не сакале да ги напуштат своите огништа, но биле принудувани да заминат во Бугарија.

Во оваа репортажа Вуд пренесува и сведоштво за постар човек кој тврдел дека имал повеќе од 100 години и дека бил роден во селото од кое бил протеран, каде што биле родени и неговиот татко и дедо, а каде што биле погребани неговите предци.

Најнови вести од: Македонија

Од канцелариите во природа: ИСОС ја обедини сметководствената заедница во акција за пошумување

Голем број волонтери – членови на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) спроведоа акција за пошумување во близина на акумулацијата „Мавровица“

To top