Хроника

Лажни СМС-пораки ги вознемирија корисниците на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“

Граѓаните се повикуваат да не ги отвораат испратените линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички и да не вршат никакви уплати преку страниците наведени во пораките

Граѓанит преку лажни СМС добиваат пораки во кои се бара плаќање на наводни долгови за паркирање и закани дека покрај паричните кани следувала и суспензија на регистрацуијата на автомобилот.

За новиот обид за измама алармираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, чие име и лого се злоупотребуваат од непознати испраќачи.

Во пораките се тврди дека примателите имаат неплатени обврски за паркирање, а како начин за подмирување на долгот се испраќаат линкови до лажни интернет-страници. На граѓаните им се закануваат со казни од најмалку 20.000 денари, како и со суспензија на регистрацијата на возилото доколку не ја извршат уплатата.

Од ЈП ПОЦ информираат дека немаат никаква поврзаност со овие пораки и дека станува збор за фишинг-измама, чија цел е прибирање лични и финансиски податоци.

Граѓаните се повикуваат да не ги отвораат испратените линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички и да не вршат никакви уплати преку страниците наведени во пораките.

Од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ посочуваат дека сите информации за евентуални обврски треба да се проверуваат исклучиво преку официјалната веб-страница www.poc.mk, електронската адреса info@poc.mk или телефонските броеви 02/3212-488 и 02/3212-489.

Screenshot

Најнови вести од: Хроника

Граничните полицајци Х.К. и Ј.К. зеле мито од двајца турски државјани – заработија кривична пријава и суспензија

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против Х.К. и Ј.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

To top