Копретседателот на германската десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) Тино Крупала побара враќање на до 2,6 милиони луѓе од Германија во нивните матични земји.рупала го објасни своето барање во интервју за подкастот „Помалку од два“ (Unter Zwei) на Билд, осврнувајќи се на можните политички промени во земјите од кои доаѓаат мигрантите.
Според него, ако војната во Украина заврши или безбедносните услови во Сирија и Авганистан се подобрат до степен до кој меѓународната заштита повеќе нема да биде потребна, луѓето од тие земји ќе мора да се вратат. „А тука зборуваме за 2,6 милиони луѓе“, кажа Крупала, објаснувајќи ја својата пресметка.