Македонија

Афим Гаши денеска во Хрватска

Се потврдува значењето на блиското партнерство меѓу двете земји и нивната заедничка посветеност на европските вредности, регионалната стабилност и просперитет

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска ќе престојува во официјална возвратна посета на Република Хрватска.

Во состав на делегацијата ќе бидат претседателката на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Хрватска, Благица Ласовска, и членовите на Групата, Димитар Ковачевски, Каљтрина Беќири и Сали Мурати.

За време на престојот во Загреб, претседателот Гаши ќе оствари средби со највисоките претставници на законодавната и извршната власт на Република Хрватска.

Официјалната посета претставува можност за размена на мислења за прашања од заеднички интерес, унапредување на билатералните односи и натамошно продлабочување на парламентарната соработка. Воедно, таа е потврда на заедничката определба за одржување на отворен и конструктивен дијалог и за негување на традиционално блиски и пријателски односи меѓу двете земји, засновани врз партнерство, меѓусебна доверба и добрососедство, кои претставуваат позитивен пример за конструктивна соработка во регионот.

Важен дел од билатералната агенда ќе биде и европската перспектива на Република Северна Македонија. Република Хрватска е значаен и доследен поддржувач на европскиот пат на нашата земја, поддршка што високо ја ценат и институциите и граѓаните и која претставува важен поттик во напорите за остварување на заедничките европски цели.

Со официјалната возвратна посета се потврдува значењето на блиското партнерство меѓу двете земји и нивната заедничка посветеност на европските вредности, регионалната стабилност и просперитетот, се наведува во соопштението од собраниските служби.

Најнови вести од: Македонија

Од канцелариите во природа: ИСОС ја обедини сметководствената заедница во акција за пошумување

Голем број волонтери – членови на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) спроведоа акција за пошумување во близина на акумулацијата „Мавровица“

To top