На денешната седница на Владата со заклучок е прифатен Акцискиот план на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за решавање на проблемот со слободните крави во Крива Паланка.
Со заклучокот на владата за добитокот задолжение за постапување добија АХВ, Агенцијата за управување со одземен имот, Дирекцијата за спасување, Центарот за управување со кризи и МВР.
Предходно градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски и СДСМ го одбија Акцискиот план по предлог од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ на вонредната седница на советот на Крива Паланка.
На седницата на советот во саботата СДСМ го отфрли планот кој содржеше активности кои општината треба да ги превземе за решавање на проблемот, Општината е изоставена од владиниот план за решавање на проблемот.
Откако во саботата градоначалникот на Крива Паланка и екс пратеникот и екс министерот Љупчо Николовски започнаа нова политичка кампања за проблемот со кравите Владата реши да ја изостави Општината и вклучи други институции за конечно решавање на овој проблем.
Митовски кој веќе шеста година е градоначалник и Николовски кој 5 години беше министер за земјодели плус уште две години беше министер за корупција, во своите мандати не успеаја да го решат проблемот кој стана светска атракција.