Македонија

Мицкоски: Прашајте во Обвинителството дали ќе преземе мерки против Османи

Запрашан дали ќе има ли мерки против поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи за продажба на македонскиот идентитет и за предавство на националните интереси, премиерот Христијан Мицкоски денеска со одговор: „Ако некој превзема мерки, тоа е Обвинителството. Јас нема тука што да додадам. Тоа е независен орган. Би требало тоа прашање да им го […]

Запрашан дали ќе има ли мерки против поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи за продажба на македонскиот идентитет и за предавство на националните интереси, премиерот Христијан Мицкоски денеска со одговор:

„Ако некој превзема мерки, тоа е Обвинителството. Јас нема тука што да додадам. Тоа е независен орган. Би требало тоа прашање да им го поставите ним, дали се прекршени закони, овластувања, Уставот итн“, рече премиерот Мицкоски, како што пренесе Плусинфо.

Мицкоски често укажува на проблемот што го создаде поранешниот министер Османи од ДУИ  и владата на СДСМ на чело со Димитар Ковачевки со прифаќањето на штетниот француски предлог, според кој Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ откако ќе ги вметне Бугарите во Уставот.

Ова е нешто со што ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваше ниту додека беше во опозиција, ниту сега кога е на власт, затоа што тој предлог не нуди никакви гаранции дека Бугарија повеќе нема да користи вето.

На новинарско прашање дали со партнерите од Обединетото Кралство разговаал за блокираните евроинтеграции на Македонија, Мицкоски рече дека никој ниту во Обединетото Кралство ниту во ЕУ не гледа на тоа пријатно и не го смета за разумно.

„ За жал, имаме неразумна пречка која пледира да биде пречка што ќе се повторива во процесот преговорите со ЕУ. Сакаме да преговараме со јасен и предвидлив крај. Ако испорачаме мерливи резултати треба да добиеме полноправно членство, а не да се занимаваме со билатерални прашања. Никој во ЕУ не гледа пријатно на овие пречки“, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top