Бизнис

Две финансиски друштва цел месец дена не смеат да издаваат кредити, изречени и глоби

Министерството за финансии спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва.

Министерството за финансии соопшти дека спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва. Вонредниот надзор е спроведен во последните три месеци постапувајќи по пријави од граѓани при што презеде соодветни мерки согласно законските прописи, наведуваат од МФ.

  • „Министерството за финансии укажува дека спроведува континуиран надзор над работењето на финансиските друштва. Притоа од јули 2024 година  има изречено мерка за одземање четири дозволи за работа на финансиски друштва, привремено затворање на три финансиски друштва, глоби на 18 финансиски друштва во вкупен износ од 3.040.323 денари или околу 49.400 евра, како и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности“, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.

Надзорот над финансиските друштва се спроведува согласно Законот за финансиските друштва и подзаконските акти, преку континуирано вонтеренско следење и непосредни контроли.

  • „Активностите на финансиските друштва се следат континуирано при што особено внимание се посветува на претставките, пријавите и информациите доставени од граѓаните, како значаен извор на сознанија за работењето на овие субјекти и за евентуалните ризици за корисниците на финансиски услуги. При тоа, секоја претставка или пријава доставена до Министерството за финансии се разгледува во рамките на неговите законски надлежности и во зависност од содржината и наводите, се преземаат соодветни активности. Надзорот и засиленото следење на работењето на финансиските друштва, продолжува и во иднина, со цел унапредување на законитоста и транспарентноста во работењето и зајакнување на заштитата на граѓаните како корисници на финансиски услуги“, велат од МФ.

Министерството за финансии ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека се оштетени или имаат сознанија за неправилности во работењето на финансиските друштва да поднесат пријава. „Пријавите може да се достават преку архивата на Министерството за финанси, по пошта на адреса ул. „Даме Груев“ бр.12 Скопје и на електронската адреса: prijavafd@finance.gov.mk , порачуваат од Министерството за финансии.

Најнови вести од: Бизнис

Се проширува пристапот до парите на клиентите на „АЛТА банка“ – фирмите можат неограничено да ги користат

И физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во АЛТА банка АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги.

Вештачката интелигенција отвора можности за раст на продуктивноста во регионот, рече Вицегувернерката Митреска

Приоритет за регионот треба да биде поддршката за малите и средните претпријатија, развојот на дигиталните вештини и инвестициите во инфраструктурата, со цел придобивките од вештачката интелигенција да се преточат во повисока продуктивност и побрзо економско приближување кон ЕУ.

Фирмите можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки 

Доколку средствата се пренесени од платежни сметки на клиенти отворени кај други банки и даватели на платежни услуги фирмите ќе можат без ограничување на износот да ги користат дополнително примените средства врз оваа основа, соопшти Народната банка

Најнови вести

To top