Во меѓувреме, оние што од формирањето на оваа Влада ветуваат избори на секои три месеци – како што посочува Изет Меџити – треба да дадат објаснување пред сопственото гласачко тело.
„Ние сме заинтересирани за решенија, а не за избори. На граѓаните не им се потребни избори кога во Собранието постои апсолутно мнозинство; пред нас е нашата програма, како и задачите и ветувањата што мора да се реализираат“, изјави Изет Меџити, копретседател на ВРЕДИ.
Не постои датум за предвремени парламентарни избори поставен како услов од страна на опозицијата. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема информации за такви предуслови.
„Немам информации дека опозицијата бара датум за предвремени избори како услов за поддршка на законски решенија“, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Веќе неколку месеци се шпекулира со различни датуми за предвремени парламентарни избори – кои, според претставници на опозицијата, би требало да се одржат во април, јуни или најдоцна во септември.
Премиерот Мицкоски пред неколку дена изјави дека парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година, додека техничка влада – последната од ваков формат – ќе биде формирана кон крајот на декември 2027 година.