Натаму порталот пишува: Ова е втор „лизгачки старт“ на Рокас за Филипче во десетина дена, првиот беше кога не му одговори на прашањето „Дали СДСМ се предавници“, по што Венко фуриозно ја напушти седницата на која се разгледуваше Извештајот на ЕК. -Знаеме дека во пристапните преговори некоја земја членка може да нè изненади со нешто што не сме го предвиделе. Веќе гледаме што се случува меѓу Хрватска и Црна Гора, рече меѓу другото шефот на Делегацијата на ЕУ, Михалис Рокас во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, одговарајќии на прашање што ако Бугарија реши да стави ново вето поради несогласување во Историската комисија.
Венко Филипче и неговата екипа од СДС останаа единствените луѓе во Македонија кои веруваат дека внесувањето на Бугарите во Уставот ќе биде псоледното барање на Бугарија. Ова директно го потврди и евроамбасадорот Рокас, кој во интервју потврди дека не може да се исклучи можноста „некоја членка“ да ги блокира евроинтеграциите и со почнати преговори.
-Знаеме дека во пристапните преговори некоја земја членка може да нè изненади со нешто што не сме го предвиделе. Веќе гледаме што се случува меѓу Хрватска и Црна Гора, рече меѓу другото шефот на Делегацијата на ЕУ, Михалис Рокас во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, одговарајќи на прашање што ако Бугарија реши да стави ново вето поради несогласување во Историската комисија.
Рокас рече дека не сака да шпекулира, но дека треба да се вложи напор.
– Лично сум уверен дека ако има напредок во важните прашања за усогласувањето со ЕУ, во борбата против корупцијата, во владеењето на правото и во реформите, и ако ги имаме отворено пристапните преговори, тогаш ќе го имаме потребниот замав. Ако истовремено се негуваат добрососедските односи и предвидените комисии работат јасно, решително, посветено и конструктивно, јас лично верувам дека нема од што да се стравува. Но, како што веќе реков, со „ако“ и „но“ не напредуваме. Многу добро знаеме каква е ситуацијата. Од наша страна има огромно разбирање и подготвеност да помогнеме и да бидеме со вас на тој пат за да може да се оди напред – рече тој, пишува „Курир“.