Свет

Албански имигранти упаднале во куќата на принцот Вилијам

Провалниците на имотот на синот на британскиот крал Чарлс Трети украле златен часовник и манжетни

Бакингемската палата најави ревизија на мерките за безбедност откако двајца илегални имигранти од Албанија провалиле во куќата на принцот Вилијам во Сандрингем, во грофовијата Норфолк.

Во Анмер Хол, куќа на приватниот имот на кралот Чарлс Трети која покојната кралица Елизабета Втора му ја подари на својот внук, принцот Вилијам, по повод неговата венчавка со Кетрин Мидлтон во 2011 година, провалиле 34-годишниот Мирген Доку и 32-годишниот Арилен Ндочи, кои се појавија пред Кривичниот суд во Норфолк.

Утврдено е дека тие се искачиле во Анмер Хол користејќи олук и провалиле во гардероберот на принцот и принцезата од Велс, од кадешто украле златен часовник и манжетни.

Двајцата албански имигранти биле забележани од чуварот на имотот, Дејвид Харисон, кој ловел зајци користејќи специјални очила кои ја регистрираат температурата на околината, со што лесно го идентификуваат дивечот.

Сепак, тој ги забележал албанските имигранти како бегаат од имотот. Ги бркал со електричен мотор со четири тркала, но крадците му избегале и подоцна биле уапсени од локалната полиција, без чевли, во непосредна близина на имотот Сандрингам.

Доку и Ндочи рекле пред Судот дека немаат постојано живеалиште, иако имало индикации дека не се бездомници.

Ова е трет пат Ндочи да живее нелегално во Велика Британија, од каде што веќе е депортиран двапати. „Индипендент“ го контактирал неговиот татко, Агостино, кој живее во Италија со децении.

Тој нагласил дека „семејството ќе мора да се соочи со фактот дека еден од нив крадел од британското кралско семејство“.

Најнови вести од: Свет

Порака до 100.000 британски ветерани:  „Подгответе се за војна“

Министерот за одбрана, Вес Стритинг, претходно предупреди дека Британија мора да биде подготвена за војна во рок од илјада дена и дека, заедно со своите партнери, мора „да биде подготвена да се бори и да победи“

Трамп најави нови царини за ЕУ плус 13 земји

Предложените царински стапки вклучуваат: Кина – 20% (со можност да се зголемат до 40%); Виетнам – до 35%; Индија – до 25%; Тајван – до 25%; Јужна Кореја – до 25%; Индонезија – до 25%; Малезија – до 25%; Тајланд – до 25%; Камбоџа – до 25%; и Европската Унија – до 20%.

To top