Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на иста маса со новоизбраниот претседател на Собранието на Србија, Александар Чупиќ, во фотографијата на денот од неформалната вечера организира од претседателката Гордана Силјановска-Давкова за државните раководители на учесниците во Процесот „Брдо-Бриони“.
„Во фокусот на разговорите беа регионалната соработка, добрососедските односи, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан. Дијалогот, меѓусебната доверба и заедничката посветеност се клучни за изградба на стабилен, просперитетен и европски регион“, објави претседателот на Владата на социјалните мрежи.
Александар Чупиќ пред седум дена беше избран за претседател на српскиот парламент од Студентската листа, која победи на неодамнешните парламентарни избори кај северниот сосед на Македонија.