Лидерите ќе разговараат и за актуелните европски и регионални предизвици, поврзаноста, еколошките прашања и создавањето подобри можности за вработување на младите.
Средбата ќе ја водат заеднички претседателите на Хрватска и Словенија, Зоран Милановиќ и Наташа Пирц Мусар, а домаќин е претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова.
Процесот Брдо – Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година од страна на претседателите на Словенија и Хрватска, со цел забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, зајакнување на регионалната соработка и стабилноста. Покрај Македонија, Словени и Хрватска, во Процесот Брдо – Бриони учествуваат и Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.