Возило се преврте на планински превој, во тек е акција за извлекување на повредените.
Очевидци јавуваат дека сообраќајна незгода се случила вечерва на патниот правец Стража – Гостивар при што патничко возило излетало од коловозот и се превртело.
Според првичните информации, во незгодата има повредени лица, а на местото на настанот интервенира и противпожарна екипа за нивно извлекување од возилото.
Засега не е познато степенот на повредите и како дошло до несреќата.