Хроника

Тешка сообраќајка на скопската обиколница

Пет лица биле повредени во сообраќајна несреќа на скопската обиколница, во која учествувале три возила

Пет возачи и патници повредени во тешка сообраќајка на скопската обиколница

Вчера во 19:10 часот во СВР Скопје пријавена е сообраќајна незгода на обиколница „Мајка Тереза” после клучка Радишани во правец кон Тетово, помеѓу три возила, “опел” со скопски регистарски ознаки, “мерцедес” со скопски регистарски ознаки и “ауди” со косовски регистарски ознаки.

Од незгодата со повреди се здобиле пет лица кои со возила на Итна медицинска помош се пренесени во здравствени установи за укажување помош. Сообраќајот во правец кон Тетово по несреќата беше пренасочуван на клучка Радишани.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за сообраќајната незгода, соопштија од МВР.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Сара Ѓ. (26) со модрици на лицето се појави во судот во Охрид – обвинетиот насилник Кристијан Корабоски (31) не дојде

Во Основниот суд во Охрид денеска беше одложено првото рочиште од судскиот процес против 31-годишниот охриѓанец Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната охриѓанка Сара Ѓ.. Ново рочиште е закажано на 1 декември, објави „Сител“.

To top