Македонија

Денеска облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег и дожд

Најстудено утрово беше во Попова Шапка, кадешто се измерени -5,2 Целзиусови степени и 15 см снежна покривка

Денеска во Македонија ќе биде облачно и студено, со повремени локални врнежи претежно од снег, а во пониските места по должината на Повардарието од дожд и снег.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, кон крајот на денот врнежите ќе престанат.

Температурите се очекува да се движат од -3 до 6 Целзиусови степени. На повисоките места и на планините тие ќе бидат под нулата, а најтополо ќе биде на југоистокот од земјата.

Ќе има локални врнежи од снег, со зголемување на снежната покривка на планините, а долж Повардарието ќе дува умерен северен ветер, повремено засилен.

Во Скопје ќе преовладува облачно време, со повремени врнежи од дож и снег. Наутро температурата ќе се движи околу 0 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе достигне 2-3 степени.

Активно е жолто предупредување за снег и мраз во попладневните часови.

Попова Шапка утрово беше најстудениот дел од Македонија со -5,2 степени и со околу 15 сантиметри снежна покривка, а во Маврови Анови -4,2 см и 25 см снег.

Најтопло беше во Нов Дојран, кадешто се измерени 3,6 степени и во Гевгелија 3,2.

 

 

Најнови вести од: Македонија

To top