Десет лица загинаа, а 110 други се ранети во експлозија во основно и средно училиште во источната авганистанска покраина Кунар, соопштија официјални лица.
Според нив, несреќата најверојатно е поврзана со блиско складиште за експлозиви.
Директорот за култура и информации на покраината Кунар, Сами ул Хак Бајан, изјави дека првичните информации укажуваат дека експлозијата во училиштето на периферијата на покраинскиот главен град Асадабад е предизвикана од небрежност во складиште во кое се складираат експлозиви што им припаѓаат на рударски компании, објави Ал Џезира.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Абдул Матин Кани, изјави дека бројот на жртви е 10, а 110 лица се ранети.
Снимките од болничкото одделение покажуваат повредени деца, од кои неколку со преврзани глави.
Портпаролот на полицијата во покраината Кунар, Фарид Дехан, изјави дека експлозијата се случила во саботата во 10 часот наутро по локално време во училиште во областа Андар Сер на периферијата на Асадабад.