Хроника

Лишени од слобода четворица возачи од тетовско за низа сообраќајни прекршоци

Управувале возила под дејство на алкохол, за време на активна забрана и без дозвола и учествувале во сообраќајни незгоди

Четворица возачи од Тетово и од тетовско се лишени од слобода за низа сообраќајни прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 28.11.2026 во 11:00 часот во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода М.Х.(44) од Тетово. Претходно, тој со патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со телесни повреди, а по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,92 промили алкохол во крвта, како и под активна мерка забрана за управување на моторно возило од Б категорија.

На 28.11.2026 во 15:25 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Р.А. (30) од с.Церово, тетовско. Тој со патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со повредени лица, при што било утврдено дека го управувал возилото без возачка дозвола.

На 29.11.2026 во 02:30 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, во с.Желино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода А.Љ.(22) од с.Ларце, тетовско, и Б.Ш.(49) од с.Сараќино, тетовско. Тие претходно учествувале во сообраќајна незгода со патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал А.Љ. и патничко возило „сааб“, кое го управувал Б.Ш., двете со тетовски регистарски ознаки. Додека, по преземени мерки било констатирано дека А.Љ. го управувал возилото за време на активна мерка забрана за управување со моторно возило, додека кај Б.Ш. биле измерени 1,94 промили алкохол во крвта.

По документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени кривични пријава по член 297-а од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Најнови вести од: Хроника

To top