Регион

Почина Габи Новак, првата дама на хрватската поп музика

Габи Новак често е нарекувана прва дама на хрватската поп музика, а нејзината интерпретација, емоционален израз и уметнички стандард оставија траен белег врз музичкото наследство на Хрватска и поширокиот регион.

Познатата и ценета хрватска пејачка Габи Новак почина на 89-годишна возраст. Таа е родена на 8 јули 1936 година во Берлин, ќерка на Ѓуро Новак од Хвар и Елизабет Рајман од Германија. Детството го поминала во Берлин, Германија, потоа на Хвар, по што се преселила во Загреб. Таму дипломирала на Факултетот за применети уметности, отсек графика, и кратко работела како илустратор во Загреб Филм, во Студиото за цртани филмови.

Почнала да настапува кон крајот на 1950-тите, а нејзиниот препознатлив глас набрзо ја направил една од најомилените пејачки на југословенската музичка сцена од тоа време. Нејзиниот репертоар вклучувал поп и џез, а веќе во текот на 1960-тите години стекнала голема популарност и критички признанија.

За време на нејзината богата кариера, таа снимила голем број албуми и синглови и соработувала со врвни композитори и музичари. Нејзините уметнички достигнувања се потврдени со бројни награди, вклучувајќи неколку награди Порин – во 2002 година за најдобра џез изведба, во 2003 година за албум на годината, најдобар женски вокал, најдобар поп албум и најдобра вокална соработка, а во 2006 година го доби и Порин за животно дело.

Прво беше во брак со композиторот Стипица Калоѓера, а по нивниот развод во 1970 година, на 30 март 1973 година се омажи за кантавторот Арсен Дедиќ, кој беше нејзин сопруг и уметнички соработник до неговата смрт во 2015 година. Во бракот се роди син, Матија Дедиќ, истакнат џез пијанист, кој почина неочекувано во јуни, на 52 години.

Габи Новак често е нарекувана прва дама на хрватската поп музика, а нејзината интерпретација, емоционален израз и уметнички стандард оставија траен белег врз музичкото наследство на Хрватска и поширокиот регион.

Својата последна песна, насловена како „Почетак“, Габи ја сними со својот син Матија и Данијела Мартиновиќ.

Иако песната беше објавена во декември, таа беше напишана многу порано. „Забележав дека Данијела се менува и дека достигна фаза во својот живот каде што размислуваше поинаку за музиката, за песните што ќе ги сними. Песната ја снимивме пред година и пол и чекавме вистинско време да ја објавиме бидејќи никогаш не е предоцна да се има убава песна“, рече Габи тогаш за песната.

Најнови вести од: Регион

Од сега сите политички реклами мора да откријат кој ги платил

Правилата, исто така, бараат информации за тоа дали рекламата е насочена кон одредена публика, и имаат за цел да се спречи странско мешање во европските избори. Комисијата соопшти дека регулативата ја штити и слободата на изразување и правото на јавноста на информирање, помагајќи им на граѓаните да разликуваат платена политичка содржина од уреднички материјал или лични политички мислења, и на тој начин го зајакнува интегритетот на изборите.

Економски шок за Србија: Санкциите врз НИС стапуваат во сила

По осум одложувања, од денеска наутро стапуваат во сила американските санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС), компанија во мнозинска сопственост на руски Газпромнефт, што ја прави една од столбите на српската економија

Загадување под данок: Србија во борба против аерозагадувањето

Од следната година, српските производители на цемент, железо, челик, алуминиум, минерални ѓубрива и електрична енергија – фирми кои се сметаат за главни виновници за аерозагадувањето поради нивните операции – ќе мораат да уплатуваат специјален надоместок кон буџетот на државата

Халид Бешлиќ не беше само одличен пејач, туку и симбол на добрина, велат од „Кроација рекордс“

Според медиумите од регионот, пејачот своите последни моменти ги поминал во Клиничкиот центар во Сараево, бидејќи веќе некое време бил во болница. Бешлиќ пред неколку години бил приморан да го промени својот стил на живот поради здравствени проблеми.

To top