Македонија Бизнис Регион

Желбата за изградба на пругата кон Бугарија постои само од македонска страна?!

На техничко ниво имаме решение кое им одговара на двете страни, но кога доаѓа до политичкиот момент изгледа дека желбата постои само од наша страна – вели директорот на „Македонски Железници ифраструктура“, Синиша Ивановски, во врска со изградбата на пругата од Коридорот 8 кон Бугарија, конкретно за делницата од Крива Паланка до бугарската граница. Изградбата […]

На техничко ниво имаме решение кое им одговара на двете страни, но кога доаѓа до политичкиот момент изгледа дека желбата постои само од наша страна – вели директорот на „Македонски Железници ифраструктура“, Синиша Ивановски, во врска со изградбата на пругата од Коридорот 8 кон Бугарија, конкретно за делницата од Крива Паланка до бугарската граница. Изградбата на оваа делница, како што рече, сè уште е предмет на дискусии.

  • Во многу средби кои јас лично ги имав со претставници на железничката инфраструктура на Бугарија имаме усвоени ставови дека тунелот мора да биде пробиен само од една страна и на техничко ниво можам да кажам дека имаме решение кое им одговара на двете страни. Кога доаѓа политичкиот момент, желбата изгледа постои само на една страна. Не дека ние ја прокламираме таа желба, туку ние работиме на терен“, вели директорот на „Македонски Железници ифраструктура“, Синиша Ивановски.

Во оваа смисла тој кажа дека за разлика од македонска страна, од другата страна не постои соодветен одговор.

  • Пругата кон Бугарија има три секции. Првата од 34 километри беше завршена овој јануари, втората – од Бељаковце до Крива Паланка во моментов се работи со турскиот изведувач ‘Ѓулермак’. Таму постои некој прогрес од околу 30 проценти, но динамиката која што ја гледаме ја терен според мене не е на нивото на кое треба да биде. Третиот дел од Крива Паланка до границата е сè уште предмет на дискусии“, вели директорот Ивановски.

Ивановски рече дека жали што Бугарија во овој момент не презема активности за изградба на пругата која треба да ги поврзе двете земји и изрази надеж дека бугарските власти ќе се консолидираат по однос на ова прашање.

  • Освен што треба да го пробијат тунелот од 1,5 километар треба да направат само 500 метри пруга до станицата Ѓуешево. Треба да инвестираат и во делот од пругата од Софија до Ѓуешево која е во лоша состојба. Сè додека ние работиме и градиме пруга кон Бугарија, а Бугарија не гради ништо кон Македонија и ги избегнува десетиците покани кои јас лично ги пратив за средба, сметам дека, за жал, имаме неуспешна приказна за двете страни“, вели директорот Ивановски.

Најнови вести од: Македонија Бизнис Регион

Мицкоски најави зголемување на пензиите: од септември редовно усогласување, се пресметува точниот износ

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот.

Владата донесе одлука за училишната кошничка: цените на училишниот прибор се намалуваат најмалку за 15 отсто!

Владата на Република Македонија денешната седница донесе одлука, со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.

Ангелов: Тешкиот пожар кај Градско ги загрозува селата Горно Чичево и Долно Чичево!

„Денес, на 25 август 2026 година пред 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево.“ – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, дополнувајќи дека поради неговото ширење натаму пренасочени биле и „воздушните трактори“ од Китка.

Мицкоски: Направивме многу отстапки за ЕУ, но нè предадоа и нè излажаа, а сега бараат заедно со Бугарија пак да го менуваме Уставот, што е смешно!

„Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто, што го направивме. Но, тие нè предадоа и нè излажаа!“ – истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју за американски „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News).

To top