Бизнис

Македонски критички економски новинар препозна прва сериозна премиерска изјава за економијата од 2010 година

Ќе ја боли владата на ВМРО-ДПМНЕ ама нема друго чаре

Економскиот новинар Горан Теменугов кои има 30 годишно искуство а кој важи за критички настроен кон секоја власт препозна прва сериозна премиерска изјава за македонската економија од 2010 година.

 

,,Вчерашната, а посебно денешната изјава на премиерот Мицкоски е прва сериозна изјава за економијата од страна на политичар од власта во последниве 15 години.

Останува да видиме колку остри и длабоки ќе бидат мерките за зауздување на инфлацијата и колку ќе се придржуваат до нив.

Патот ќе биде болен за нас, граѓаните, но и за рејтинзите на политичарите, ама ако мерките се изведат како што треба, длабоко и без компромис, може и да ја исправиме работата која се заташкува деценија и пол”, пишува Теменугов.

Новинарот сугерира пред мерките, да има добра дебата, мобилизирање на граѓаните за тоа што ги чека, па сериозно режење на буџетскиот дефицит и се останато.

,,Ајде, ќе не боли, ама ако политиката ни наметне јасна цел, ќе се издржи. Но, ако има компромиси и бесцелно се преземаат мерки, веројатно враќање нема да има во поглед на економската перспектива”, пишува Теменугов.

 

По низата неуспешни владини паушални мерки ставот на економистите и стручната јавност како мерки за борба против инфлацијата е прифатено од владата која ќе ја послуша стручната јавност на оваа тема.

 

Вчера премиерот Христијан Мицкоски го најави дека ќе се носат потребните мерки, кои ќе краткорочно ќе бидат болни за граѓаните, но долгорочно ќе се зауздаат поскапувањата кој од месец во месец забрзуваат.

Премиерот Мицкоски е свесен дека овие мерки ќе донесат негативни политички поени за Владата.

 

„Апсолутно да, затоа што свесни сме откако го лоциравме проблемот каде е, свесни сме дека тоа можеби ќе има и политичка цена и тука немаме никаква дилема. Но, подобро на краток рок да ја платиме таа политичка цена отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет на долг рок.“, вели Христијан Мицкоски.

Најнови статии

 

Козметичка пресметка на ботовите на СДСМ со кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на катастрофалниот пораз

 

Ботовите на СДСМ со анализа на скалпот на Орце и Коце, молчат за влакната на Каја Шукова и Петре Шилегов

Најнови вести од: Бизнис

Каматите мируваат, новите кредити поскапи – монетарно движење во април

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%, наведува Народна банка. Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во април 2026 година, изнесува 4,70% и е непроменета во однос на претходниот месец, додека на годишна основа оствари пад од 0,41 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечно и годишно намалување од 0,02 п.п. и 0,04 п.п., соодветно и изнесува 2,16%.

Ристески на средба со винариите: Упатен повик за аплицирање на достапната институционална поддршка

Владата и Министерството за економија и труд се партнери на домашните винопроизводители, само преку заеднички дијалог и соработка можеме да креираме квалитетни политики кои ќе овозможат долгорочен развој на македонската винска индустрија и лозарство.

To top