Македонија

И денеска екстремни горештини

Ќе преовладува сончево и исклучително топло време

Минималните утрински температури ќе се движат во интервал од 13 до 21 степен, што значи дека и во раните утрински часови ќе биде релативно топло.

Во текот на денот, максималните температури ќе се искачат високо – од 32 до 39 степени Целзиусови, а на одделни места можно е и до или над +40 степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, додека дневниот максимум ќе достигне дури до 38 степени.

Метеоролозите предупредуваат на зголемено УВ-зрачење, поради што се препорачува избегнување директна изложеност на сонце во периодот од 11 до 17 часот, носење лесна и светла облека, како и редовно внесување течности.

Топлото време ќе продолжи и во следните денови…

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top