Македонија

Денес ќе сведочи Палевски за убиството на Вања и Панче

Со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо денеска со почеток во 10 часотво Основниот Кривичен суд Скопје продолжува судењето за грозоморното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Палевски прво ќе биде сослушан од неговиот бранител, адвокат Јовица Страшевски, а потоа да одговара на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети. […]

Со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо денеска со почеток во 10 часотво Основниот Кривичен суд Скопје продолжува судењето за грозоморното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Палевски прво ќе биде сослушан од неговиот бранител, адвокат Јовица Страшевски, а потоа да одговара на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.

На изминатото рочиште, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, одби да одговара на прашањата на Палевски а единствен одговор на сите прашања на првообвинетиот беа „немам коментар“ а единствено што одговори е дека не го ни познава.

Палевски е првообвинет за грабнувањето и убиството на Вања, а претходно и на Панче Жежовски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Спорд обвинението првообвинетиот Љупчо Палевски, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Запленети дури 237 парчиња електричен алат без документација, уапсени двајца

Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква документација.

Имаме епидемија на малодушност и рамнодушност, рече претседателката на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“

На свеченоста во Музејот на македонската борба за самостојност, на која присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, министри, пратеници и општественици, таа подвлече дека Свети Климент Охридски, е нашиот најголем просветител и најверен ученик на Светите Кирил и Методиј. Споменот за охридскиот светител, рече таа, е врежан во колективната меморија не само на македонскиот народ, туку и на целото словенство.

Несими: „Бугари во устав“ е политички проблем, оти Бугарија ги оспорува македонскиот јазик, култура и историја, а може да уследат и нови барања!

„Вклучувањето на Бугарите во преамбулата на уставот останува политички и историски проблем, бидејќи Бугарија продолжува да ги оспорува македонскиот јазик, култура и историја. Поради оваа причина, вклучувањето на Бугарите во Уставот за дел од јавното мислење и политичкиот спектар е болно и неприфатливо, не поради бугарските граѓани во земјата, туку поради притисоците од Софија во текот на годините. Меѓутоа, историските можности не траат вечно. Тие бараат донесување тешки одлуки и политичка храброст. Ако избере С.Македонија овој пат да се колеба, тогаш ќе се изложи на опасност да ја пропушти можноста, за која никој нема да може да гарантира дека ќе се повтори некогаш.“ – наведува политичкиот аналитичар од Тетово Флоријан Несими во својата колумна со наслов „Историска можност, што не треба да се изгуби“.

Со остранувањето на билбордите, почна реконструкција на застарената Железничка станица во Скопје

Според директорот Железница Инфраструктура проектот за средување на железничката станица во Скопје ќе се одвива во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација.

To top