Хроника

Полицајци спасија жена што се фрлила во водите на Вардар

Секоја чест за брзата реакција

Денеска околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул. “Војвода Васил Чакаларов” има женско лице.

-Од страна на полициски службеници од ПС Карпош веднаш е постапено по пријавата и по пристигнување на местото на настанот, било утврдено дека лицето дава знаци на живот и од страна на полициските службеници жената е извадена од реката, информира МВР.

Од МВР додаваат дека жената со Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје за укажување на помош.

 

Најчитани статии

 

Важни моменти за ,,Македонците работи” кои треба да ги знае секој Македонец

Околу 5 милиони луѓе го зборуваат македонскиот јазик низ светот

Најнови вести од: Хроника

Фудбалер од македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден убиен во пукањето во Сиднеј

Елкајам бил популарен и талентиран фудбалер, дел од тимот што настапува во највисоката локална конкуренција, а во клубот играл околу една година. Клубот соопшти дека е „во шок и тага“ поради загубата.

To top