Македонија

ЈСП: Без паника, жичницата на Водно е безбедна

Жичницата ги исполнува сите пропишани стандарди за безбедност и поседува валиден сертификат за работа до 24 септември 2025 година, велат од Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје

 

По информациите во одредени медиуми дека безбедноста на жичницата е нарушена и дека подолг период функционирала без дозвола, реагираа од ЈСП..

„По многуте пишувања и шпекулации во јавноста должни сме да не дозволиме да се создаде паника. Во моментов се изведуваат сервисни активности за замена на делови предвидени со редовниот годишен сервис“соопштија од ЈСП.

Во реакцијата се вели дека во текот на вчерашниот ден бил спроведен вонреден детален технички инспекциски надзор од страна на Министерството за транспорт и врски, при што не биле утврдени никакви технички недостатоци, туку само било констатирано дека жичницата е во исправна и функционална состојба.

Жичницата на Средно Водно која служи за превоз на граѓантие до Милениумскиот крст моментално не е во функција поради голем сервисен зафат, а од јавното претпријатие велат оти штом завршат работите, повторно ќе биде пуштена во употреба.

„Миќо Стојановски од синдикатот на ЈСП Скопје за неколку медиуми изјави оти жичницата на Водно, во изминатиот период работела без работна дозвола и претставувала ризик за граѓаните“, потсетува „360 степени“.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top