Македонија Бизнис

Ново вртоглаво поскапување на становите по Нова година?!

Согласно измените во Законот за ДДВ, од 2023 година даночењето на првиот промет на станбени згради и станови се врши со примена на стапка од 5 отсто до 31.12.2025 година.

ДДВ од 5 отсто за становите важи до Нова година, па потоа не се знае дали се ќе оди на горе, односно цените на становите со нови рекорди. Од УЈП велат дека демнат неколку ризици врз даночните приходи кои ги детектираше токму Управата за јавни приходи. Со „Планот за подобрување на усогласеноста во градежниот сектор“, УЈП од јануари годинава ги засили контролите во градежниот сектор. На 318 компании им пратила известувања да си ги коригираат неправилностите.

Дали граѓаните кои ќе купуваат станови по Нова година ќе плаќаат повисока цена поради зголемување на стапката на данокот на додадена вредност од 5 на 18%?

Повластената стапка на ДДВ од 5% за прва продажба на стан беше воведена во 2010 година како антикризна мерка со важност од 5 години со цел да го стимулира градежништвото и да им го олесни купувањето стан за домување на граѓаните. Мерката досега беше неколкупати продолжена со период од 5 па од 3 години, а последното продолжување беше направено во 2023 година со важност до 30 декември 2025 година.

Во овие 15 години градежната индустрија значително зајакна, изградбата на нови згради е во силна експанзија, а цените на становите најмалку двојно се зголемија.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Од Скопје директно ќе се лета до 42 дестинации, од Охрид кон пет нови земји

Според зимскиот ред на летање, кој почнува од 26 октомври и ќе трае до 27 март 2026 година, Скопје ќе биде поврзано со директни летови до 49 дестинации, а Охрид со пет. Како што објави Агенцијата за цивилно воздухопловство, од и до скопскиот аеродром ќе оперираат 17 авиокомпании, а ќе има и 13 чартер летови на кои ќе сообраќа авиокомпанијата „Фрибрд“, додека од охридскиот три авиопревозници.

Институт за јавно здравје со итни мерки за справување со ѓубрето во Скопје

Андоновска кажа дека меѓу препораките е Општините да направат вонредна итно вонредно испирање, дератизација, дезинфекција и дезинсекција на местата со расфрлан отпад и контејнерите, и иако тоа не е толку лесно во поглед на снабдување со соодветни средства, Општините треба да најдат начин тоа да го спроведат дополнително во овој период.

To top