
Покрај средбата со својот американски колега и домаќин Доналд Трамп во петокот, рускиот претседател Владимир Путин нашол време и на Американец од Алјаска да му подари нов мотоцикл „Урал“.
„Претседателот слушна за Американецот Марк Ворен од Енкориџ. ‘Бајкерот’ возел мотоцикл ‘Урал’ низ Алјаска и се заморил од проблемите со увоз на резервни делови поради санкциите. Путин им наредил на руските дипломати во Америка да му подарат на Американецот сосема нов руски мотоцикл ‘Урал’“, се вели во веста лиферувана во руските медиуми.
Вработен во Амбасадата на Русија во САД му ги предал на Ворен клучевите од мотоциклот на паркингот на хотелот во Енкориџ, во кој била сместена руската делегација.
„Морам да кажам дека ова е личен подарок од претседателот на Руската Федерација“, му рекол рускиот дипломат Андреј Ледењев на шокираниот Ворен.