Македонија

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Посетата на македонскиот вицепремиер е уште една потврда за одличното пријателство и соработката меѓу Македонија и Унгарија.

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија Виктор Орбан присуствува на Националниот ден на Унгарија, кој се слави во чест на Свети Стефан, основачот на унгарската држава и на христијанството во Унгарија.

Покрај учеството на прославата на Националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и можни инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија, како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.

Посетата на вицепремиерот Николовски е уште една потврда за одличното пријателство и соработката меѓу Македонија и Унгарија.

Најнови вести од: Македонија

Нова методологија за пристапување во ЕУ: Укинување на ветото, шанса за Македонија

Австрија, Словенија, Германија и Италија иницираа промена во процесот на одлучување за пристапување кон ЕУ, предлагајќи квалификувано мнозинство за техничките меѓучекори и едногласност само за почетокот и крајот на преговорите.

ВМРО-ДПМНЕ: Знае ли Филипче дека комуникација со бегалец е кривично дело

„Случајно или не, Венко Филипче се фали дека е голем пријател на Зоран Заев и еден од ретките којшто комуницира со Артан Груби, едниот невиден криминалец, а другиот плус и бегалец“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче можеби не знае, но помагањето на Груби за бегство од правдата, претставува кривично дело. ЈО барем […]

To top