
Лидерот на Алтернатива и еден од лидерите на Вреди Зеќирија Ибрахими остро реагираше кон опозициската ДУИ, обвинувајќи ја за последователни измами против граѓаните. „Тогаш кога се потсмеваа со граѓаните и играа фудбал и кошарка во канцелариите, велеа дека етничките прашања се завршени и затоа ја измислија зелената кампања – да го направат светот зелен. Кога се засрамија што изгубија од Вреди на минатогодишните избори, ја измислија мултиетничката коалиција, за да се спасат себеси.“ – пишува Ибрахими. Ова го пренесе информативниот портал на албански јазик „Фол“.
Натаму порталот наведува: Зеќирија Ибрахими додава дека по злоупотребата на муслиманите (Турци, Роми и Бошњаци) ДУИ повторно се врати на етничката реторика. „Сега повторно се враќаат во етничкиот камп, кон УЧК, на ‘чизмите на таванот’, во планините и ридовите, дури и се фалат дека ако не се тие, за Албанците нема ниту да изгрева сонцето.“ – посочува Ибрахими.,
Конечно, Зеќирија Ибрахими предупредува дека овој политички пристап на ДУИ е на крајот: „Сепак, немојте да се вознемирувате. Ова е последната епизода од долгата серија ‘Измами’, која ќе им заврши во октомври оваа година. После тоа многумина од ДУИ ќе имаат време да ја прочитаат книгата ‘Разговор меѓу решетките’ од Исмаил Кадаре! Да ја прочитаа на време, немаше да ги прават овие акробации.“