Македонија

Мицкоски денес на увид во изградбата на градинката во Потстаница, Драчево – Ѓорѓиевски: Ќе има најдобри услови за 80 деца

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски на 23 јули 2025 година изјави дека градинката во Потстаница е веќе во завршна фаза на темелната реконструкција, како современ простор од 222 квадратни метри со огромно значење за жителите од Потстаница, бидејќи овој дел од општината никогаш досега немаше детска градинка.

Денес, на 21 август 2025 година во 12 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на увид во градежните активности на новата детска градинка во Потстаница, Драчево, во Општина Кисела Вода. Потоа е предвидено да даде изјава за медиумите. Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски уште на 23 јули 2025 година имаше нагласено во изјава за медиумите дека околу 80 деца ќе растат и ќе се развиваат во најдобри услови во оваа детска градинка. „Кога работиме заедно можеме брзо и ефикасно да ги решаваме проблемите и да создадеме подобра иднина за нашите деца и семејства.“ – имаше посочено Ѓорѓиевски тогаш.

Според информацијата, објавена на официјалната интернет-страница на општина Кисела Вода на 23 јули 2025 година, градбата на новата детска градинка во Потстаница во Драчево е во завршна фаза. Тогаш градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски на средба со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани потпиша договор за опремување на новата градинка во населбата Потстаница. „Градбата е во завршна фаза. Ова ќе биде првата детска градинка во овој дел од општината, која ќе овозможи современи услови за воспитување и грижа за околу 80 деца. Во Кисела Вода секое дете ќе има свое место во градинка. Кога започнав да ја водам општината во наследените листи на чекање за упис во градинка имаше околу 450 деца. Денес оваа бројка е сведена само на триесеттина деца. Целосно ќе ги затвориме листите на чекање со  завршувањето на градинката во Потстаница и засилените градежни активности, што се одвиваат на уште две нови градинки, во Расадник и во 11 Октомври Згради, но и со претходните наши активности, преку кои се интервенираше со изградба или проширување на капацитетите во уште 7 други објекти.“ – имаше нагласено Ѓорѓиевски во изјавата од јули годинава.

Тој посебно укажа на фактот дека децата, кои ќе бидат згрижени во оваа градинка, ќе растат и ќе се развиваат во најдобри услови. „Градинката во Потстаница, што ја добивме како објект преку одлука на Владата и која е моментно во завршна фаза на темелната реконструкција, ќе биде современ и безбеден простор од 222 квадратни метри. Во овој простор околу 80 деца ќе растат и ќе се развиваат во најдобри услови. Ова е од огромно значење за жителите од Потстаница, бидејќи овој дел од општината никогаш досега немаше детска градинка.“ – имаше посочено градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски на 23 јули 2025 година.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: 23 Октомври е завет дека Македонија никогаш нема да биде ничија туѓа мисла, туку вечен порив за слобода

И додека го чествуваме овој ден, се поклонуваме не само пред храброста на тие први борци, туку и пред идејата која и денес нè повикува – да бидеме достојни наследници на нивната верба и нивниот сон

Куманово и Кавадарци испратија помош, се чисти центарот на Скопје од отпад (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, заедно со кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од раните утрински часови спроведуваат интензивна акција за расчистување на купиштата отпад што го преплавија Центар и главниот град, соопшти Движењето ЗНАМ.

Хаос со ѓубрето во Скопје: ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Арсовска

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата тврди дека сите предлози на градоначалничката Данела Арсовска, поврзани со работата на ЈП „Комунална хигиена“, биле прифатени и изгласани од советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје

To top