Македонија

Лајк за Тричковски отвори војна меѓу доајените на македонското новинарство

Засега машка битка без најави за тужби

Лајк на пост на идеологот на СДСМ Бранко Тричковски отвори вербална војна меѓу доајените на македонското новинарство Бранко Героски и Мирче Адамчевски.

Откако Героски ги прозва сите кои ставиле лајк на пост на Тричковски кој на грозоморен начин зборува за ,,Возот од Кочани кој носи изгорени” се јави Адамчевски кој реагира на прозивката за поддршката за постот кој ги допира роднините и блиските на починатите во дискотеката Пулс.

,,Повелете еден мал извадок од еден “длабокоумен” пост на Фејсбук на македономрзецот Бранко Тричковски. Нормално, од сите вас, драги мои Македонци, како припадници на “гомно нација” – така ве означи Тричковски и вие си ја прифативте етикетата! – се очекува некако да ја разберете и да ја контекстуализирате неговата полуреченица за возот од Кочани кој носел деца изгорени.

Не деца помочани, како во онаа стара подбивна песничка, туку деца изгорени, како во Тричковата подбивна “метафора”.

Овде “извлечена надвор од контекстот”, нормално. Како што обично се вадат малоумникот и неговите лајкачи…

Драги обвинители, на чело со Љупчо Коцевски, имам само една порака до вас, во стилот на бардот на сдсмовската пропаганда – пизда ли ви лепа материна, кретенчуги едни!

Кај ви се очите? Читате ли нешто?

И ова моево не е метафора!

Ова е пцуење, бре!

Ова е навреда!

Тужете ме, идиоти!

Кога веќе немате смелост да гоните некој што пишува вакви гадости, гонете ме мене, стоки едни”, пишува Героски кој го посочува фрагментот во кој Тричковски зборува за возот од Кочани.

Откако Адамчевски кој ставил лајк за грозомората на Тричковски се препознал во објавата на Героски тој одговара дека авторот лечел комплекси преку него.

,,Гледам дека драгиот Бранко Геровски напиша нешто за мене.

Да му кажам дека Мирче Адамчевски не е адресата за лекување на комплекси. Во руската литература, особено од 20 век, има многу примери на луѓе кои броеле и прегледувале „лајкови“”, пишува Адамчевски кој е поранешен претседател Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите.

На ова Героски одговара:

,,Ме заболе мене за бројот на лајкови и за руската литература… Јас ТЕБЕ ти поставив прашање. Бидејќи си го лајкнал постот, ме интересира што ти се допаднало и посебно колку ти се допаднал делот за возот од Кочани што носел “деца изгорени”. Како долгогодишен претседател на Комисијата за жалби на СЕММ – што ќе рече експерт за етички прашања – би требало да одговориш на прашањето”.

Дебатата засега завршува со контраодговор од Адамчевски кој сепак не одговара на прашањето од Героски.

,,Геро, Геро си станал како портпароливе на ВМРО-ДПМНЕ. „Треба да одговори, треба да одговори..“, пишува Адамчевски.

Предходно Адамчевски ставил лајк и на навредите од Тричковски кон новинарот Драган Милосављевиќ за анализа на навредите од Љубомир Фрчкоски кој не реагира на неколегијалниот однос на Адамчевски.

Најнови вести од: Македонија

Еден потег на Трамп го уништи крипто пазарот, повеќе од 7 милјарди долари ликвидирани

Крипто пазарот претрпе огромен пад по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на 100% царини на кинескиот извоз и строги ограничувања на извозот на клучен софтвер, како реакција на кинеските рестрикции за ретки земни метали.

Сиљановска-Давкова: Им оддаваме почит на оние, кои во 1941 тргнаа во храбар востанички марш, жртвувајќи се за ослободувањето и создавањето македонска држава

„Повторно мора да бидеме обединети и сплотени, ако сакаме да го сочуваме тоа, што го наследивме од оние, кои тргнаа во востанички марш, водени од јасна визија и подготвени за жртвување во ослободителната мисија! Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание.“ – порача претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова.

Ахмети: Албанците повеќе не трпат понижувања, сите да гласаат за НАИ, оти има голема национална мисија, интеграција на „РСМ“ во ЕУ!

Али Ахмети сега го „збогатува“ политичкиот речник: за себе и за своите сопартијци вели дека се не само „мисионери“, туку веќе и „визионери“, кои, ете, се „веќе оспособени“ да гледаат „далеку во европската иднина“…

Во Прилеп свечена академија „На вистинската патека, за татковина со иднина“ по повод 11 октомври – обраќање и на премиерот Мицкоски

Многубројни настани денеска во Република Македонија во рамки на чествувањата на еден од најсветлите историски настани во борбата на македонскиот народ за создавање сопствена македонска држава и за своја национална слобода.

To top