Македонија

Обвинителство отвори истрага за криминална група која се товари за даночни измами и перење пари

Денешната акција спроведена на повеќе локации низ државата, односно на територија на општина Липково, Куманово и Желино е резултат на двегодишна предистражна постапка што ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во тесна соработка со Управата за финансиска полиција, велат од Обвинителството. Постапувајќи по кривичната пријава, надлежен обвинител од ОЈО […]

Денешната акција спроведена на повеќе локации низ државата, односно на територија на општина Липково, Куманово и Желино е резултат на двегодишна предистражна постапка што ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во тесна соработка со Управата за финансиска полиција, велат од Обвинителството.

Постапувајќи по кривичната пријава, надлежен обвинител од ОЈО ГОКК донел Наредба за спроведување на истражна постапка против 13 лица, меѓу кои се и четворица косовски државјани и една државјанка на Република Хрватска.

Осомничените се товарaт дека од 2014 до 2023 година организирале и учествувале во криминална група со цел стекнување противправна имотна корист преку даночно затајување, даночна измама и перење пари со што осомничените го оштетиле Буџетот на државата во големи размери. Групата креирала мрежа од правни субјекти преку кои се вршела продажба и фиктивна трговија со нафтени деривати, се изготвувале фактури со невистинита содржина, со цел да се избегне плаќањето на даночни обврски и да се оствари незаконски поврат на ДДВ. Преку правни лица што не поседуваат дозволи за трговија со нафтени деривати се вршела набавка, транспорт и продажба на Еуросупер, Еуродизел и Екстралесно гориво, со намера да избегнат целосно или делумно плаќање на законски предвидените даночни обврски. Продажбата во поголем број случаи се одвивала без издавање на фискални сметки и фактури, а средствата прибрани во готово не биле евидентирани во сметководствената документација. Осомничените странски државјани, кои формално биле назначени за одговорни лица во повеќе осомничени правни субјекти, немале регулиран престој во земјава, што организаторите на групата го користеле како начин за прикривање на нивната поврзаност со криминалното дејствување, се вели во соопштението од ОЈО.

Воедно, организаторите на групата, од продадените нафтени деривати во готово пуштиле во оптек, примиле пари и извршиле пренос на паричните средства со намера да го прикријат нивното движење, со што се стекнале со противправна имотна корист во големи размери, а за која знаеле дека е прибавена со кривичното дело Даночно затајување, при што сториле и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело.

Јавниот обвинител ценејќи дека се исполнети условите до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за сите осомничени. До сега се обезбедени седум лица за кои е прифатен предлогот на обвинителството и судот со Решение им определи мерка притвор во траење од 30 дена, за останатите – петмината странски државјани и еден македонски државјанин мерката притвор ќе биде определена во отсуство.

Најнови вести од: Македонија

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

TВ 21: Над 16 илјади корисници не плаќаат за вода во Тетово, илјадници нелегални приклучоци

Иако во Тетово снабдувањето со вода за пиење достигнува над 400 литри во секунда, вода не стигнува до сите домаќинства. Од Јавното комунално претпријатие „Шар“ велат дека главниот проблем е поврзан со загубите во застарената мрежа, како и со нелегалните приклучоци кои не се фактурираат. Ова го објави ТВ 21.

Велешанец –измамник (67) „позајмил“ 4 илјади евра од неготинчанец (76) за „да покаже дека еврото е важечка валута“, па не му ги вратил!

ОВР Неготино поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против 67-годишен велешанец, осомничен за кривично дело „измама“.

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на сите пешачки патеки, заради побезбеден и поуреден јавен простор за граѓаните на Скопје!

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски објави дека од денес е започната широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел да има побезбеден, поуреден и посовремен јавен простор за сите граѓани.

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ

Милатовиќ, кој е во официјална посета на државава, нагласи дека двете држави ги поврзува и длабоката историска блискост потврдена со меѓусебна солидарност и поддршка

To top