Македонија

Кога ќе добиеш дете, ќе најдеш сила за се во животот – една од најубавите македонски дебати на социјалните мрежи

Стравовите на потенцијалните родители се една од главните причини зошто во Македонија се раѓаат се помалку деца и македонската нација е во критична фаза од својот опстанок

Кога ќе добиеш дете, ќе најдеш сила, енергија и нерви за се во животот. Едноставно во тебе се буди некој инстинкт кој ти помага да се справиш со предизвиците. Тешко е, но станува полесно со секој поминат ден.

Ова е дел од една од најубавите неформални македонски дебати на социјалните мрежи.

Иако Фејсбук, Твитер и другите социјални мрежи најчесто се место каде се искажуваат негативни чувства и пораки овој пат на социјалната мрежа Х поранешен Твитер се води дебата за суштината на животот, за човековата природа но индиректно и за опстанокот на Македонците и светот.

Дебатата почнува со искрена исповед на една Македонка дека некое време нема циклус и се плаши дека можеби е трудна но дека е решена да има бебе.

,,Ми касни неколку дена, што и да е исходот ок е ама никогаш не ми било покристално јасно колку сме сами во животов. Само ние двајца. и знам дека ќе биде ужасно тешко да се гледа дете така. дали сеа дали некој месец подоцна. ама јбг”, пишува корисничка на Твитер во искрената споделена мисла.

Таа искажува човечки страв од тоа што доаѓа заради тоа што заедно со партнерот се сами и не е сигурна како ќе се справи со бебето.

Наместо да почнат шеги на нејзина сметка како што вообичаено се случува овој пат коментаторите и даваат човечка поддршка за справување со одгледување на детето споделувајќи и лични искуства.

,,Не е лесно сами, ама си го воспитуваш како сакаш, без да ти се мешаат други. Кога ќе тргне на јасли е полесно”, вели една мајка.

,,Исто сами, со сопругата буквално гладувавме последните неколку дена пред плата, само за да имаме за бебето. Но тоа е ништо ако меѓу вас постои љубов и разбирање.

Инаку дете е потешко да се гледа кога ќе порасне. Големи деца, големи проблеми. Ама тоа уште ти е далечно.

Важно е меѓу вас да има слога”, го објаснува својот случај еден татко.

,,Ја растам и воспитувам сам 24/7 понекогаш е со мене на работа веќе 6.5 години”, ја раскажува својата сложена ситуација самохран татко.

,,Детенце си носи сопствена и среќа за другите…..ќе се отвораат други димензии…”, порачува Марек.

,,Се ќе си дојде на свое место, може така се чувствуваш дека сте само вие двајца но бебуш кога ќе дојде ќе видиш како имаш сила, воља за се. Битно вие да имате разбирање еден со друг,лојалност другото се е гола вода….🫶”, охрабрува Саше.

,,И ние сме сами, сами живееме, сами го чуваме. Маж ми и на терени оди… прво ми беше тешко, ама некако навикнав”, со насмевка раскажува друга мајка.

,,Ај за убаво да е. Нема што да ве плаши, најубаво ќе ви биде” и ,,Ќе ти биде најубаво, не се плаши”, порачуваат во еден глас двајца други родители.

Поддршка доаѓа и од други луѓе:

Стравовите на потенцијалните родители е една од главните причини зошто во Македонија се раѓаат се помалку деца и македонската нација е во критична фаза од својот опстанок.

Убавата дебата се одвива на Х

https://x.com/TwitOfTheMatter/status/1959881397633429840?t=u77E9Wc597mGGWc3ZlDcIw&s=19

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија не може да се забрани користење на социјалните мрежи за малолетници до 15 години?!

Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, велат од Владата.

Граѓаните со душа чекаат нормален паркинг на Клиника, оти со саати кружат барајќи место

Нема повеќе никакви пречки да се градат катни гаражи во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Владата, на последната седница, донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар. Според Владата, со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје.

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ видеото со децата на Трендафилов не е напад врз семејство

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објавеното видео не е напад, туку „огледало во кое Трендафилов не може да се погледне“, а „нападот“ врз Стојаноска бил само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и кој кога нема аргументи, се служи со навреди и етикетирања.

(Фото): Претседателот на ССМ, Трендафилов, бара истрага – вели: „Ми ги следат децата“

Во пресрет на блокадата од страна на ССМ кон бизнис секторот, а во врска со барањата за минималната плата и повисоки плати на работниците, претседателот на ССМ Трендафилов побара сите надлежни институции да реагираат на објавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска. Трендафилов бара кривичен прогон за лицата кои ги следеле неговите деца.

To top